ПЕТ СУДИИ СЕ РАЗРЕШЕНИ ЛАНИ - нестручно и несовесно ја вршеле функцијата, а еден добил опомена поради дисциплинска повреда
Објавено во: Македонија 06 Мај, 2021 07:43
Пет судии лани биле разрешени поради несовесно и нестручно вршење на судиската функција. Ова го наведува Судскиот совет во годишниот извештај за својата работа во 2020 година. Нема повеќе детали за кои судии станува збор, и конкретно за кои случаеви тие морале да престанат со својата работа.
Како што е познато, меѓу другото, во надлежност на Советот е да утврдува престанок на судиската функција, како и да разреши судија од нејзино вршење поради потешка дисциплинска повреда или поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција.
„Постапките за утврдување на одговорност за судија или претседател на суд пред Советот се водат согласно со одредбите на Законот за Судскиот совет.Поведените постапки за утврдување одговорност се од итен и доверлив карактер и се водат без присуство на јавноста, и со почитување на угледот и достоинството на судијата или претседателот на судот, при што се води сметка за заштита на личните податоци на судијата или претседателот на судот, согласно со прописите за заштита на личните податоци“, напишале од Судски совет во својот извештај.
На барање на судијата или претседателот на судот, Советот може да одлучи постапката да биде јавна, како и на седницата да присутвува и претставник од Здружението на судии.
Инаку, како што стои во Извештајот на Судски совет, лани биле поднесени барања за утврдување на одговорност за судија или претседател на суд против 140 судии, а имало 58 барања.
Од нив Комисијата на известителиотфрлила 44 барања за утврдување на одговорност. Советот на судии запрел една постапка, а на еден судија за утврдена дисциплинска повреда му изрекол писмена опомена. Едно барање за утврдување на одговорност на судија е повлечено од страна на подносителот, бидејќи судијата против кого е поднесено барањето нема статус на активен судија односно со правосилна одлука е разрешен од вршење на судиската функција.
И, покрај овие, Советот донел одлуки за разрешување на пет судии, поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција, и тоадвајца судии за постапки поведени во 2019 години и тројца судии за постапки поведени во 2018 година.
„Во текот на 2020 година, Советот постапуваше по две барања за повторување на постапката по повод донесените пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Постапката е спроведена согласно Законот за Судскиот совет и донесени се одлуки со кои е отстранета повредата, на начин што при гласањето за одлуката не учестува подносителот на барањето за поведување на постапката спрема судијата, односно истиот е изземен од гласање по предлог одлуката на Комисијата. Против одлуките поднесени се жалби до Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд“, се вели во извештајот.
Во текот на 2020 година
утврден е престанок на судиската функција по сите основи предвидени со закон, и тоа кај
седум судии е констатиран престанок на судиската функција поради исполнување на
услови за старосна пензија, кај
еденсудија е утврден престанок на судиската
функција поради смрт, кај
тројца судии е утврден престанок на судиската функција по сопствено барање, и кај пет судии е утврден престанок на судиската
функција поради нејзино нестручно
и несовесно вршење.
Кога станува збор за ажурноста на судовите во земјава, поголем број судови биле неажурни, а како причина се смета ковид пандемијата.
Од податоците кои ги добил и од доставените извештаи, Судскиот совет го утврдил следново за пооделните судови.
Врховниот суд во 2020 година го совладал приливот на новопримените предмети и го намалил заостатокот за 312 предмети, па се оценува како ажурен суд. Вишиот управен суд лани успеал да го совлада приливот на новите предмети со тоа заостатокот на предмети е намален за 552 предмети, така што се оценува како ажурен суд. Управниот суд во 2020 година, го совладал приливот на новопримените предмети и го намалил заостатокот за 681 предмети, па се оценува како ажурен суд.
Основниот кривичен суд Скопје во 2020 година успеал да го совлада приливот на новопримените предмети и го намалил заостатокот за 1.577 предмети, со што се оценува ажурен суд. Основниот граѓански суд Скопје во 2020 година не успеал да го совлада приливот на новопримените предмети и го зголемил заостатокот за 3.123 предмети, со што се оценува како неажурен суд.
Натаму, Судски совет дава податоци за ажурноста на сите други судови низ градовите во земјава поединечно.
Вкупните бројки говорат дека на ниво на цела држава, судовите јануари 2020 година го започнале со нерешени 97.091 предмети, примиле во работа нови 446.054 предмети, и имале вкупно во работа 543.145 предмети. Од овој фонд на предмети решени се 443.551 а останале нерешени 99.594 предмети.
„Според наведените податоци на ниво на цела држава, судовите во 2020 година не успеале да го совладат приливот на предмети и го зголемиле заостатокот за 2.503 предмети“, велат од Судски совет.
Всушност, може да се заклучи дека во 2020 година, од 34 суда, за ажурни се сметаат 15 суда, додека како неажурни се 19 суда и тоа два од апелационите судови и 17 основни судови.
„Се констатираше дека ваквата состојба се должи пред се на пандемијата со вирусот ковид-19 во нашата земја, и покрај тоа што претседателите на судовите ги презедоа сите мерки и активности за намалување на заостатокот на предметите во судовите. Но како и во сите сегметни од нашето живеење, така и во работењето на судовите оваа пандемија придонесе дел од судовите да бидат оценети како неажурни, со оглед дека дел од судиите и вработените во судовите беа заболени од вирусот, како и во изолација поради контакт со заболено лице со вирусот“, велат од Судскиот совет во својот извештај за работењето во минатата година.
Инаку, за Судскиот совет се наведува дека како самостоен и независен орган на судството е гарант на неговта независност, самостојност, ефикасност и транспаретност на судството. Советот има воспоставени активни релации и соработка со сите релевантни домашни и меѓународни институции и се стреми кон обезбедување на финансиска независност на судската власт. Советот гарантира пристап на граѓаните до фер и навремена правда и значително придонесува за јакнење на довербата на граѓаните во судскиот систем.
„Советот е самостоен и независен орган на судството кој обезбедува независно вршење на судиската функција и заштита на интегритетот на судиите преку спречување на надворешни влијанија во процесот на избор, оценување, унапредување и разрешување на судиите. Со тоа Советот придонесува кон навремено и квалитетно остварување и заштита на правата и слободите на граѓаните на земјава“, тврдат од Судскиот совет во извештајот за своето работење.
Нина Нинеска-Фиданоска
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





