15 Мај, 2024
0.0275

Пет медали за Тиквеш на „Мundus vini“ во Германија

Објавено во: Мои пари 09 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Вината на винарската визба „Тиквеш“ освоија три златни и две сребрени медали на еден од најпрестижните светски натпревари за вино. Златни медали освоија Домен Лепово Шардоне 2015, Домен Лепово Гранд Куве 2013 и Каберне Франк Special Selection 2015, додека Темјаника Special Selection 2015 иАлександрија Куве розе 2015 добија сребрени медали на големиот интернационален вински натпревар Мундус Вини (The Grand International Wine Award – MUNDUS VINI), кој по 18-ти пат се одржува во Германија.

Годинава, меѓународното жири составено од 160 судии-дегустатори од 36 земјиимаше навистина тешка задача да ги избере најдобрите вина. Имено, конкуренцијата ја сочинуваа над 5.000 квалитетни вина кои потекнуваат од 149 вински региони ширум светот.

„Големиот број и значајни медали освоени во ваква конкуренција нѐ прави исклучително задоволни затоа што покажува дека квалитетот на нашите винае на светско ниво. Ваквите достигнувања секако ќе придонесат за креирањето на посакуваната репутација за врвните вина на „Тиквеш“ на најзначајните светски вински пазари, како и за целата македонска винска индустрија, што секако е една од нашите стратешки цели“, изјави генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Игор Илиевски.

Две од наградените вина кои освоија златни медали се произведени во винарница „Домен Лепово“ каде целокупниот процес на производство се одвива на самиот посед каде се лоцирани лозјата,воидеални услови и според најдобрите практики на француската винска школа, при што резултатот се исклучително моќни, екскузивни вина со извонреден квалитет, кој сега добива и меѓународна верификација.

Третото вино кое се закити со злато, Каберне Франк Special Selection 2015  е новитет во портфорлиото на ВВ „Тиквеш“ и сеочекува да се појави на пазарот кон крајот на пролетта.

Натпреварот Мундус Вини се одржува под патронат и правила на Меѓународната организација за вино (OIV) и Mеѓународната унија на енолози (UIOE).

Можеби ќе ве интересира

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година