29 Април, 2024
0.0273

Пет интересни факти што не сте ги знаеле за македонскиот пензиски систем

Објавено во: Мои пари 09 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Сигурно, не постои вработено лице кое барем еднаш во текот на својот работен век нема да помисли на денот на своето пензионирање и да посака конечно да здивне од напорното работно секојдневие. Секој од нас сонува за моментот кога ќе ужива трошејќи ја својата пензиска заштеда стекната низ работниот век.

Речиси и да нема вработен во земјава кој не знае дека во Македонија мажите се пензионираат со навршени 64 години старост, а жените со 62 години и минимум 15 години работен стаж, по што секој месец се добивазаслужена пензија. И на многумина оваа информација им е сосема доволна. Но, на интернет-страницата www.penzija.mk пронајдовме пет интересни факти кои веројатно не сте ги знаеле за македонскиот пензиски систем.

1. Покрај пензијата од ПИОМ, сите вработени по 1.1.2003 година на располагање ќе имаат и дополнителна пензиска заштеда која ќе се користи исклучиво за исплата на нивната пензија.

Звучи премногу добро за да е вистинито, но точно е. Сите вработени по 1 јануари 2003 година задолжително стануваат членови и на вториот приватен пензиски столб, покрај задолжителното плаќање придонес на првиот државен пензиски столб. Со тоа по пензионирањето освен редовната државна пензија на располагање ќе ја имаат и пензијата акумулирана на нивната индивидуална сметка во вториот столб – пари кои се издвојувале од нивната плата во текот на работниот век, а истовремено и се зголемиле благодарение на приносот од инвестирање на средствата кој го остварил Друштвото кое управува со нивниот задолжителен приватен пензиски фонд.

2. Акумулираните средства во вториот столб се динамични и се инвестираат.

Иако оваа информација може да не Ви влева сигурност и да предизвикува да бидете скептични, воопшто нема потреба од грижа. Средствата на сметкатаво пензискиот фонд во кој членувате ги управува пензиското Друштво, сѐ додека не го остварите правото на пензија или додека не заврши исплатата на програмирани повлекувања кои ги исплаќа Друштвото. Тие средства се инвестираат според многу строги правила утврдени со закон со кои се обезбедува соодветна распределба на средствата со што се заштитени од евентуален пад на нивната вредност. Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) ја супервизира работата на друштвата на дневна основа со цел да се осигура дека друштвата ги следат правилата, а контрола на инвестирањето од своја страна врши и Банката чувар на имотот на пензискиот фонд. Кај таа Банка чувар на имот средствата на пензискиот фонд целосно се одвоени од средствата на пензиското друштво. Значи, преземени се мерки за тие да бидат сигурни од секој аспект.

3. По пензионирањето може да бидете сигурни дека ќе ги добиете парите  од Вашата индивидуална сметка.

Кога ќе остварите право на старосна пензија согласно законската регулатива ќе може да ги користите и средствата од вториот столб, односно ќе може да одберете некои од понудените начини на исплата. Доколку не се стекнете со право на старосна пензија поради тоа што немате најмалку 15 години стаж, акумулираните средства од вашата сметка може да ги повлечете наеднаш или во вид на пензија по навршување на 65 години возраст.

4. Членството во Вториот столб трае до остварување на правото на пензија.

Ова е смирувачка информација за многу луѓе. Доколку останете без работа, не го губите правото на членство и си останувате член во вториот столб. Вашите средства и понатаму се инвестираат и при повторно вработување, уплатата на придонеси продолжува на истата индивидуална сметка во пензискиот фонд каде и претходно сте биле член. 

5. Доброволно може и дополнително да штедите за поквалитетни пензионерски денови.

Освен средствата од првиот и вториот пензиски столб, доброволно може да се приклучите и во третиот столб - доброволно пензиско осигурување. Во овој столб  самите одредувате колку пари ќе уплаќате и динамикатасо која ќе уплаќате. Значи, уплаќате колку сакате и кога сакате, а плус и користите даночни стимулации и бенефиции од страна на државата. Сите пари акумулирани на сметката од третиот столб може да ги користите најрано 10 години пред стекнување направо на старосна пензија.

Можеби ќе ве интересира

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика