Пет дена никој не го зема телото на Сулејмановиќ, татко му вели дека пред 20 години се откажал од него
Објавено во: Балкан 16 Август, 2023 16:53
Јас сигурно нема да го погребам, го оставам на неговите пријатели криминалци, вели Фикрет Сулејмановиќ, таткото на убиецот од босанскиот град Градачац, Нермин Сулејмановиќ. Тој ја потврди информацијата дека семејството не сака да го преземе телото на Сулејмановиќ, кое веќе пет дена се наоѓа во Комеморативниот центар во Тузла.
Таткото кажа дека се срами од својот син.
„Нема кој од семејството да го погребе, тоа нека го средат и организираат неговите пријатели криминалци. Тоа што тој го направи, тоа не може нормален човек да го направи, само злосторник. Нешто му пукнало во главата штом го направил тоа“, кажа таткото на Сулејмановиќ.
Вели дека убиецот го тепал и него во минатото.
„Јас од него се откажав пред 20 години кога почна да ме тепа. Сепак, и да е најлош, дете ми е. Цел живот по затвори поради други криминалци, за разни кривични дела. Кога и да се обидев нешто со него, тој секогаш почнуваше кавга со мене и се откажав од него“, вели Фикрет.
Таткото рече дека никогаш не бил близок со својот син.
„Кога ќе го запознаевте, а да не знаете ништо претходно за него, ќе помислевте дека Нермин не е лош човек. Но, беше насилник од раѓање, а потоа и упадна во лошо друштво“, вели таткото.
Нермин Сулејмановиќ, ја уби својата невечанка сопруга, и две други лица, турски државјани, татко и син. Жителите на БиХ се разочарани затоа што полицијата не преземала соодветни мерки, иако сопругата го пријавувала убиецот.
фото социјални мрежи
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




