13 Мај, 2024
0.0193

Пеп Гвардиола започна револуција во Манчестер Сити

Објавено во: Спорт 06 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Нема различни мислења на прашањето дека Пеп Гуардола започна вистинска револуција, откако застана на чело на Манчестер Сити. Револуција која влијае сериозно на сите конкуренти од Премиер лигата, но најмногу на фудбалерите на „Граѓаните“. Бидејќи на нив им е потребно да почитуваат еден тон правила, некои од кои најблаго речено, чудни. 

- Пеп не обврзува да доручкуваме и да вечераме заедно, а освен тоа ни го отсече целосно интернетот, се пожали вториот капитен, Пабло Забалета пред аргентинските медиуми. 

Тоа е сосема мал дел од внатрешниот правилник со 10 точки во Сити. Еве ги и нив ...

1. Хранењето е најважно

Онака како што беше направено во 2008 година, кога застана на чело на првиот тим на Барса, сега Гвардиола ја промени целосно исхраната во Сити. Пицата исчезна целосно од менито на играчите. Но не е само тоа. Сендвичите, слатките работи, пивото и безалкохолните пијалоци веќе се апсолутно табу. Прехранбениот режим веќе е изграден врз основа на паста, ориз, месо, риба, јогурт, житарки и овошје. Слично на режимот во Барса, а потоа и во Баерн, играчите на Сити се пречекувани на работа секое утро со огромни чинии од овошје и пијалаци. Вклучувајќи и за по натпреварите има посебно мени, покрај кое се следи исклучително внимателно прехранбениот режим на фудбалерите.

2. Точноста го краси човекот

Ако вежбањето започнува во точно определен час, сите треба да се на место барем еден час порано. Оние кои доцнат се казнуваат со парична казна, а големината нејзина се зголемува пропорционално на времето, со кое виновникот си дозволил да закасни.

3. Комуникацијата е непријател

Употребата на мобилни телефони е крајно ограничено. Ова се прави, од една страна, за зајакнување на комуникацијата лице в лице меѓу играчите, а од друга - за максимална изолација од јавното пространство. Во клупскиот автобус зборувањето по телефон исто така е забрането со исклучок на итни случаи, како на пример сериозен семеен проблем.

4. Дрескодот е закон

Манчестер Сити му обезбедува на секој играч во Сити целосна гардероба, кој треба да биде користен секогаш кога станува збор за официјални настани на клубот. Неправилно облекување веќе доведе до забелешка од страна на Гвардиола во подготовката и со текот на времето се си дојде на место. Вклучувајќи и во однос на сервисниот персонал, кој исто така е должен да го почитува строго клупскиот дрескод.

5. Сплотеноста е приоритет

Гвардиола не се потпира само на добрите односи меѓу играчите, тој сака тие да бидат максимално блиски меѓу себе. Како поранешен фудбалер, а потоа и тренер тој смета дека има работи меѓу спортистите, кои не можат да се контролираат. Но, и покрај тоа бара колективот да е што пообединет и по можност да нема никакви проблеми во него.

6. Воспитувањето е доблест

Персоналот во Сити е тука најмногу за да се олесни максимално секојдневието на играчите. Но во никој случај не работат под нивниот диктат.

Гвардиола веќе им дал на играчите до знаење како стојат работите и истакнал дека тие треба да се однесуваат кон нив воспитано и со почит. Една од обврските на играчите во оваа насока е да ја оставаат веќе користена опрема за перење на точно одредено место, а не само да ја фрлаат насекаде во соблекувалната.

7. Имиџот на клубот е над сè

Фудбалерите се лицето на клубот пред фановите и медиумите и нивното однесување никогаш не треба да излегува од рамките на нормалното. Обврската им е да се однесуваат максимално адекватно и да не штетат пред медиумите на клупскиот имиџ. Со оваа точка може да се објасни случајот „Јаја Туре“, кој настана по изјавите на неговиот агент против сè и сешто во клубот.

8. Ништо не треба да излегува од соблекувалната

Настаните околу Туре и после отстранување од првиот тим се предупредувања за останатите играчи во однос на информациите кои се извезуваат во јавниот простор. Лошото зборување на адреса на соиграчи, критиките против клубот и издавање на интригантни внатрешни информации ќе бидат казнети сурово!

9. Вечерниот час е за сите

Допрва ќе станеме сведоци на тоа како Гвардиола ќе се упати кон традиционалните на Островот божиќни прослави, кои се факт за сите клубови и во многу случаи покрај нив се оформуваат незаборавни скандали. Прославата за Божиќ, сепак може да биде единствен исклучок во Сити. Бидејќи со доаѓањето на Гвардиола на „Етихад“ се стави крај на ноќните излегувања на играчите во текот на неделата. Сите имаат вечерен час и треба да го почитуваат.

10. Казните се решение за сѐ

Гвардиола го примени овој пристап во Барселона, потоа во Баерн, а сега и во Сити. Тој наложил кодекс за однесување, во кој има фиксни санкции при некој испад. Казните се меѓу 250 и 6.000 евра и во Барса и Баерн ги собираат капитените Компани и Забалета.