20 Декември, 2025
0.1052

Пензискиот фонд не најде купувач за хотелот „Борец“ во Битола

Објавено во: Економија 26 Април, 2022 07:20

Добивај вести на Viber

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на првата аукција не успеа да го продаде битолскиот хотел „Борец“, или познат како Хотел Битола, со почетна сума од 2,75 милиони евра по претходна дозвола од Владата.

Планираното јавно наддавање минало без заинтересиран купувач за имотот со вкупна површина од 5.401 метри квадратни.

Објавата за продажба на Хотел Борец Битола  беше објавена на 17 март, а краен рок за пријавување на заинтересираните беше  5 април, а аукцијата беше закажана за 11 априлсо почетна цена за наддавање која изнесува 167.816.095 денари.

„Бидејќи немаше  пријавено заинтересирани  страни за купување, аукцијата  не се одржа и објектот остана непродаден“, ни одговорија од ПИОМ.

Останува да се види дали ПИОМ ќе успее да ја инкасира оваа сума ако се знае дека во 2015 и 2016 имаше два неуспешни обиди и тоа првиот по почетна сума од 138 милиони, а една година потоа по 87 милиони денари.

Локалните медиуми изминатиот месец пренесоа дека хотелот со одлука на УО на Фонодот за пензиско и инвалидско осигурување е затворен, а сите кои таму престојувале се иселени од објектот затоа пшто оди на продажба. Исто така и најголмиот број од вработените си заминале досега од ова претпријатие. 

- Трговското друштво „Борец“ ПИОМ ДОО Битола со години наназад работи со загуби, односно не може да ги подмирува неопходните режиските трошоци, ниту да исплати плати на вработените во друштво, односно хотелот, гласел одговорот од ПИОМ.

Од септември, пензионерите ќе имаат покачување од 900 денари во просек со новата методологија што е најавена за забрзан раст на пензиите. Ќе има и пакет помош за секој пензионер од по 1.000 денари во месеците април, мај и јуни.

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека пензискиот фонд е стабилен и дека тој ќе ја исплати месечната помош од 1.000 денари за секој пензионер.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба