ПЕНЗИСКИОТ ФОНД НА НОРВЕШКА ДОЖИВЕА НАЈГОЛЕМА ЗАГУБА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 25 ГОДИНИ: Помалку има дури 152 милијарди евра
Објавено во: Економија 31 Јануари, 2023 12:41
Норвешкиот
државен пензиски фонд денеска објави дека ја затворил 2022 година со најголема
загуба во последните 25 години, нагласувајќи го негативното влијание на војната
во Украина, високата инфлација и зголемените каматни стапки на инвестициите во
акции и обврзници.
Норвешкиот пензиски фонд е основан во 1996 година и ги инвестира приходите од нафта и гас во акции, обврзници и недвижен имот. Тој е меѓу најголемите во светот со средства под управување со вкупна вредност од 1,2 трилиони долари.
Загуба од 152 милијарди долари
Во 2022 година забележа загуба од инвестиции од 1,64 трилиони круни (152 милијарди евра), најголема од нејзиното основање. Неговата најлоша година досега беше 2008 година, кога финансиската криза го достигна својот врв, предизвикувајќи загуба на инвестиции од 633 милијарди круни.
Повратот на инвестицијата во 2022 година изнесува минус 14,1 отсто, известија денеска. Најлош резултат донесоа вложувањата во акции, со принос од минус 15,3 отсто. Блиску се и инвестициите во обврзници со поврат од минус 12,1 отсто. Позитивен принос донесоа инвестициите во недвижен имот од скромни 0,1 отсто и во проектите за зелена енергија од 5,1 отсто.
„Пазарот беше погоден од војната во Европа, високата инфлација и зголемените каматни стапки. Ова негативно влијаеше и на берзата и на пазарот на обврзници, што е многу невообичаено“, објасни извршниот директор Николај Танген во изјавата.
Можеби ќе ве интересира
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото




