03 Мај, 2024
0.0299

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ИМААТ ПРЕДНОСТ: Редици за сликање за пасош и лична карта

Објавено во: Македонија 09 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Сите граѓани кои имаат закажано термин за сликање за лични документи (пасош и лична карта), но, се помлади од 67 години, ќе мора да почекаат во ред, бидејќи предност имаат пензионерите. Практично, термините не важат, откако од вчера стапија на сила новите мерки кои ги воведе Владата, со што движењето дополнително се ограничи. Па оние пензионери кои имаат термин рано наутро или попладне, оваа обврска мора да ја завршат во периодот од 10.00 до 12.00.

Оние кои денеска чекаа најмалку саат време, велат дека не се револтирани, бидејќи има нова ситуација, но сметаат дека треба да бидат навреме известени.

-Не се лутам, никако. Терминот што ми беше закажан во 10.15 не важи, бидејќи така налага ситуацијата. Се повикуваат најпрво пензионерите, кои немаат пополнето ниту барање, па се оди многу поспоро. А, инаку вработените се многу коректни, направија ред. Влегуваме двајца по двајца. Сметам само дека требаше да бидеме навреме информирани, ќе си дојдев после 12.00 и ќе си го почекав редот, можеби побрзо ќе завршев. Така ќе можев и побрзо да се вратам на работа. Има луѓе кои се уште имаат редовни работни обврски, вели Бобан Стојановски од Скопје.

Инаку, лични карти и пасоши се издаваат непречено. Но, наместо две работни недели, сега велат дека треба најмалку три работни недели да поминат за да може да се земе документот. Освен тоа, од 30. март на домашна адреса почнаа се испраќаат личните документи, (лични карти и возачки дозволи) на сите граѓани кои во изминатиов период аплицирале.

Но, тоа нема да важи и за пасошите, бидејќи при подигнувањето на патните исправи потребно е да се остави отпечаток од прст.

А.Б.


Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите