ПЕНДИКОВ НЕ СЕ ПОЈАВИ ВО СУДОТ, РОЧИШТЕТО СЕ ОДЛОЖИ: Тој се уште е во Бугарија
Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2023 11:25
Денешното рочиштето
за случајот Пендиков, односно судењето за напад од омраза се одложи. Христијан
Пендиков не се појави во судот, бидејќи се уште е во Бугарија.
Минатата недела обвинителството
ја побара новата адреса на Пендиков во Бугарија за да го повика на распит, а
како што објави Фактор, Охридското обвинителство повеќе пати се обидвало да
стапи во контакт со секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“. -Поради тоа, ќе
бара од Бугарија информација за сегашната адреса на живеење на Пендиков, објави
бугарската НоваТВ, објави Фактор минатата недела.
Неговата одбрана тврди дека немала увид во сите доказни материјали со кои располага обвинителот, заради што следното рочиште е закажано за 5. април. Дотогаш, одбраната на Пендиков бара дозвола да ги разгледа сите аудио и видео материјали поврзани со случајот.
Инаку, Основното јавно обвинителство – Охрид за нападот врз Пендиков поднесе обвинение против две лица. Едниот обвинет досега се бранеше со молчење и како што информираа претходно од Обвинителството, тој се товари за кривичното дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци. Вториот обвинет, пак, кој беше во бегство, беше приведен минатата недела во Битола.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




