Пендаровски против три и пол дневниот карантин: Светот ќе мора да научи да живее со вирусот
Објавено во: Македонија 16 Април, 2020 14:36
Стево Пендаровски, по завршување на седницата на Советот за безбедност рече дека не му се допаѓа тоа што цела Македонија треба да биде во карантин од повеќе од три дена со забрана за движење од утре од 16.00 часот до вторник до 05.00 часот.
- Во однос на мерката за ограничување на движењето со над 80- часа спаѓаме во групата на земји со најригидни мерки. Истото го мислам и за стопанството. Треба да се размислува за фазно постепено враќање на економската активност во нормала. Целиот свет ќе мора да научи да живее со корона вирусот, рече Пендаровски.
Тој рече дека вонредната состојба чии 30 дена истекуваат денеска дека нема да биде формално-правно продолжена, затоа што нема уставен основ, и ќе биде донесена нова 30-дневна.- Во ситуација кога Собранието не работи, се носи нова одлука за вонредна состојба. Тоа не ја намалува одговорноста сите политички субјекти да ги кажат своите ставови на средината на мај кога ќе ги има истите дилеми, наведе шефот на државата.
Пендаровски на верниците им ги честиташе велигденските празници и напомена дека и правото на вероисповест е нормално да се ограничи, кога се ограничува правото на движење и на образование.
- Оваа година црквата ќе мора да се сообрази со правилата кои важат за сите. Правото на слободно движење и правото на образование веќе се ограничени, смета Пендаровски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“





