Пендаровски го зеде уверението и порача: Нема да ги отстранам сите од кабинетот на Иванов
Објавено во: Македонија 11 Мај, 2019
Стево Пендаровски денеска во Државната изборна комисија го потпиша уверението со кое официјално станува претседател на Македонија а потоа порача дека ќе се потпре на некои кадри од кабинетот на неговиот претходник Ѓорѓе Иванов дококу смета дека ги задоволуваат потребните критериуми и дека нема да има политички реваншизам по тоа прашање.
„Секој што си ја работел добро работата ќе си го задржи своето работно место. Апелирам до овие принципи да се држи во иднина секоја власт. Времето на политички реваншизам заврши“, рече тој.
Во ДИК рече дека изборите биле по сите европски стандарди и за првпат по 25 години сите кандидати ги признале резултатите од гласањето. Наедно упати голема благодарност до ДИК и сите учесници за покажаната професионалност на високо ниво.