ПЕКОЛНИ ГОРЕШТИНИ: Затворени се училиштата во Грција
Објавено во: Балкан 12 Јуни, 2024 08:50
Грција „гори“. Најавени се пеколни горештини, затворени се и училишта.
Екстремно топло ќе биде до викендот. Највисоки температури се очекуваат денеска и утре, а се предвидува дека во некои делови од државата ќе достигне и до 42 Целзиусови степени. Најтопло ќе биде во централните и јужните региони, а властите предупредуваат на голема опасност од избувнување на пожари.
Поради многу високите температури, основните училишта се затворени низ цела Грција, а постои можност учебната година да заврши порано поради високите горештини за основните и предучилишна возраст.
Според најавите, на островите во источното Егејско Море и Додеканезите температурата ќе се искачи до 39 степени, додека локално на Крит ќе достигне до 42 степени. Одредени експерти велат дека во иднина ќе имаме уште потопли лета.foto freepik.com/montypeter
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




