10 Мај, 2024
0.0558

ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА НА ТЕРЕН И ДЕЊЕ И НОЌЕ - гостите кои се проверуваат имаат сертификати, казните за локалите се од 2.500 до 30.000 евра

Објавено во: Македонија 01 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Досега се изречени само четири казни поради непочитување на мерките кои ги изрекоа властите почнувајќи од 16 јули годинава, а согласно кои во објекти или, пак, во локали на отворено, може да се влезе само со приложување на доказ за вакцинираност, или, пак, со потврда за прележан вирус во последните 45 дена.

Ова би можело да се заклучи од соопштенијата од Државниот пазарен инспекторат, кои се однесуваат за периодот до 26 август годинава.

За тоа колку контроли се спроведени и какви санции се изречени во врска со овие мерки во наредните денови, пак, од ДПИ велат дека ќе излезат со поопширно соопштение во петок оваа недела.

Како и колку се вршат контролите, кој ги прави проверките и како се казнуваат оние што не ги почитуваат мерките, Фактор разговараше со директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска-Димоска.

Таа вели дека пазарните инспектори се постојано на терен, и во работните денови и во викендите работат по две смени, плус во ноќните часови.

„Работиме во две смени, плус во ноќните часови, а и во викендите. Нашите инспектори се постојано на терен, и постојано се прават контроли. Некогаш нашите инспектори во контроли одат самостојно, а некогаш заедно со припадниците на МВР“, вели Симеска-Димоска.

Таа го објаснува начинот како се прават контролите кога инспекторите ќе отидат во еден локал за да проверат дали посетителите ги поседуваат потребните вакцинални сертификати.

Најчесто гостите го покажуваат вакциналниот сертификат на својот мобилен терлефон, но, некои граѓани ги носат сертификатите испечатени во хартиена форма и ги покажуваат при контролите.

„Главно сертификатите ги бараме од редарите кои се задолжени за нивна проверка во локалите. Некогаш носиме одлука да провериме кај сите гости дали поседуваат сертификати, а некогаш проверките ги правиме по случаен избор, значи не кај сите, туку само кај неколкумина од гостите. Дали ќе му се каже на редарот да ги приложи сертификатите, или ги бараат нашите инспектори и припадниците на МВР, зависи од контрола до контрола. Притоа, или се скенира дали е валиден вакциналниот сертификат, или, пак, се проверуваат испринтаните сертификати доколку некои од гостите ги приложуваат во таква форма“, објаснува Симеска Димеска.

Притоа, проверката на валидноста на вакциналниот сертификат може да се направи со било кој паметен телефон.

Симеска вели дека доколку утврдат неправилност, инспекторите преземаат мерки, односно поднесуваат прекршочни платни налози.

„Но, главниот впечаток е дека мерките се почитуваат. Во речиси сите локали има намален обем на гости, односно во објектите нема гужви и тие се речиси попупразни. Но, оние посетители кои се таму, сите поседуваат вакцинални сертификати“, објаснува Симеска.

Инаку, доколку се случи одреден гостин да биде затекнат без потврда за вакцинација, тој си поминува без ништо, но затоа висока казна ќе заработи локалот кај кој е затекнат таков гостин.

„Кога ќе затекнеме гостин без потврда за вакцинација или прележаност, му се издава прекршочен платен налог и му се наплаќа глоба. Висината на глобата се одредува согласно со Законот за заштита од заразни болести, и се одредува во зависност од висината на објектот, а се движи меѓу 2.500 до 30.000 евра“, објаснува Симеска-Димоска.

Таа потенцира дека доколку нема сертификат, гостинот не смее да се казнува, туку глобата оди единствено на правното лице.

Инаку, во своето последно соопштение од 27 август, ДПИ објави дека актуелната епидемиолошка состојба во земјава, со значително зголемен број на нови случаи од коронавирусот, дополнително го зголемил бројот на инспекциски надзори од нивна страна, кои соодвестуваат со владините најнови мерки, препораки и протоколи, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести.

„Државниот пазарен инспекторатвршеше зачестени контроли врз субјекти на територијата на земјава, кои се однесуваат согласно мерките, препораките и протоколите на Владата, односно, за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители/гости/лица,  за настан од секаков вид и за влез во затворениот дел одмоловите, задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи: сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 илисертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст“, се вели во соопштението.

Како што соопштуваат од ДПИ, од 25 август годинава на сила стапија измени и дополнувања на мерките за спречување на ширењето на КОВИД-19, според кои се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика, настани од културата, работа на ресторани, кафетерии, кладилници, обложувалници, концерти, семинари, работилници и други настани на затворено со 30 отсто од капацитетот на просторот, а на отворено до 50 отсто од капацитетот, со почитување на протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19, со поседување сертификат за примена на најмалку прва доза вакцина или сертификат за прележаност не постар од 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

„Во периодот од 23 до 26 август, од страна на Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 1.756 инспекциски контроли и направени се 107 записници за извршени инспекциски контроли на територијата на земјава.

Од страна на државните пазарни инспектори поднесена е една прекршочна пријава согласно Законот за заштита на населението од заразни болести.

Државниот пазарен инспекторат продолжува со засилени контроли и во наредниот период, согласно Одлуката на Владата, а во интерес на јавното здравје и заштита на населението од Ковид 19“, се вели во соопштението од ДПИ.

Во претходното соопштение од Инспекторатот, пак, се наведува дека од 20 до 22 август од страна на Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 2.118 инспекциски контроли и 55 записници на територијата на земјава.

„Државните пазарни инспектори утврдија неправилности кај три субјекти, со што следеше нивно затварање“, се вели во соопштението од ДПИ.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска