26 Април, 2024
0.0303

Пазарџиите не се откажуваат, повторно го блокираа сообраќајот во центарот на Скопје

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Закупците на тезги од „Зелен пазар“ повторно го блокираа центарот на Скопје, изразувајќи го со протест своето незадоволство против последните одлуки на јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“.

Денеска улицата кај дирекцијата на Макпетрол, односно кај крстосницата кај катната гаража „26 Јули” е блокирана од 30-тина пазарџии поради тоа што не можат повеќе бесплатно да вршат дотур на роба и поради поскапувањето на цената за паркирање на паркиралиштето „Аутомакедонија“.

Вчера ПОЦ по протестот реагираше дека им го затворил паркиралиштето кај „Аутомакедонија“ затоа што било злоупотребувано и пренатрупувано со тешки товарни возила.

– Со воведувањето на овие мерки ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе стави крај на неправилностите кои се случуваа години наназад и ќе направи ред во паркирањето давајќи приоритет на жителите кои живеат во опфатот на паркиралиштето „Аутомакедонија“ кои заради сите овие злоупотреби не можат да го користат паркиралиштето во близина на своите домови бидејќи секојдневно се соочуваат со неподнослив проблем со паркирањето, стои во соопштението.

Според соопштението, пазарџиите кои редовно секоја година добивале повластена паркинг карта и картичка за влез за нивните автомобили, тие истите ги користеле за тешки товарни возила. Порачуваат дека „Скопски Пазар“ треба да обезбеди дел од својата парцела за потребите на своите закупци на тезги.

Пазарџиите тврдат дека им се нарушува и онака слабиот промет на пазарот, и бараат првиот час за паркирање да е бесплатен, а за секој нареден да важи старата цена. Претходно тие протестираа и за зголемување на давачките за закупот на тезги, но тој проблем се уште не е решен.

Можеби ќе ве интересира

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо