06 Мај, 2024
0.0256

Павлопулос му откажа на Пендаровски за да се види со Џинпинг

Објавено во: Македонија 11 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Претседатеот на Грција, Прокопис Павлопулос, ќе престојува во официјална посета на Кина од 13 до 15 мај, на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг, потврди неговиот кабинет, додека истовремено нема најава дека ќе присуствува на утрешната инаугурацијата на Стево Пендаровски, новоизбраниот македонски шеф на државата.

За време на конференцијата во Кина, претседателот Павлопулос ќе одржи говор на тема "Важноста на дијалогот меѓу цивилизациите за воспоставување меѓународен мир", а ќе се сретне и со кинескиот премиер Ли Кечијанг.

Ниту од македонското Собрание, ниту од МНР не откриваат дали Павлопулос ќе го скрши мразот со инаугурацијата и ќе допатува во Македонија во недела. Конзервативниот претседател е познат по неговите резервирани ставови кон Преспанскиот договор.

Со или без присуство на грчкиот претседател, на специјалната собраниска седница в недела, Пендаровски ќе ја даде свечената изјава, по која ќе му почне и петгодишниот мандат. Според досегашната практика, од Собранието Пендаровски ќе се упати во „Вила Водно“, каде што на кратка церемонија, неговиот претходник ќе му ја предаде функцијата.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува