26 Април, 2024
0.1650

Патот до Сончев град повторно вратен во програмата за довршување

Објавено во: Економија 23 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Довршувањето на патот на Водно до елитната насеба Сончев град, проект кој засега е стопиран, е вратено на агендата на ЈП Државни патишта за 2019-та. Во годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за оваа година се најде како прв под проектот „Довршување на активности на делницата Сончев град“.

Фамониот проект е прв меѓу 60-темина на листата за кои ЈП Државни патишта од сопствени средства ќе одвои повеќе од милијарда денари за рехабилитација, реконструкција, осветлување, сигнализација, свлечишта и тунели, но директорот на претпријатието Зоран Китанов вели дека нема да бидат трошени пари за патот поради кој беше уништен огромен дел од шумската површина на Водно.

- Тој пат е завршена работа и изграден е уште од кога јас сум назначен за директор на претпријатието. Нема да се потроши ниту денар повеќе, освен единствено за чуварската служба. Ставен е на листата чисто од технички причини по консултација со правната служба, бидејќи од таму сметаат дека треба да се врати на списокот се додека не биде пуштен во употреба - ни изјави Китанов.

Последен пат делницата во програмата се најде за годината 2017-та за продолжување со иградбата, а во 2018-та декларативно беше завршен. Од ЈП Државни патишта ни одговорија дека патот не може да биде пуштен во употреба се додека не биде завршено со имотно-правните постапки.

- Експропријацијата е завршена и исплатено е се, но постапката треба да се ивршува одново, бидејќи тоа што го правело претходното државно раководство било целосно погрешно. Наместо преку Министерството за животна средина, постапката треба да оди преку ЈП Паркови и зеленило - наведоа од ЈП Државни патишта,

Од таму велат дека оптимистичките прогнози за отстранување на административните пречки се најмалку два месеци. Лани измените на проектот мораа да се вметнат во сите документи со одново барање на дозволи, одобренија и согласности од низа институции што се дел од проектот за патот кон Сончев Град. Во моментов патот служи само за рекреација на велосипедисти.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката