Патот до Сончев Град останува заглавен во процедурите
Објавено во: Економија 28 Ноември, 2019 07:00
Патот до Сончев Град останува заглавен во процедурите
Пуштањето во употреба на патот на Водно кој води до идната елитна насеба Сончев Град и до Сопиште останува заглавен во процедурите иако веќе две години е завршен, што се поклопува со мандатот на актуелната власт кој завршува предвремено со вонредните избори следната година.
Она што барем е појасно е дека ЈП Државни патишта го има завршено својот дел од работата, а сега останува техничките процедури да ги заврши Министерството за транспорт и врски.
„Министерството за транспорт и врски активно работи на правните постапки за пуштање во употреба на патниот правец. Сметаме дека патот кон Сопиште е многу важен пат за сите граѓани и затоа максимално сме посветени на забрзување на постапката за пуштање во употреба. Очекуваме дека набрзо ќе бидат завршени сите постапки и патот ќе може да се користи“, гласи актуелниот официјален одговор од министерството.
Од она што е последно детализирано е дека се бара поедноставување и скратување на процедурите кога ќе се појави потреба од измена на проектот поради специфичните теренски услови, односно појавата на свлечишта, за да следува одобрение за употреба, бидејќи конфигурацијата на теренот е таква што бара чести отстапки на трасата. Суштината е во тоа што она што е изградено на терен треба да се донесе во состојба да биде идентично со она во документацијата.
Министерството за транспорт и врски и измените во прописите треба да бидат последната инстанца пред да биде одобрена дозволата за употреба, откако „Државни патишта“ поради измената на проектот бараше дозволи, одобренија и согласности од низа институции, а директорот Зоран Китанов на секои два до три месеци најавуваше скоро активирање на делницата се до денес.
Патот беше целосно изграден на почетокот на 2017 година. Изградбата на патот за Сончев Град почна во јуни 2013 година со жестоки противења најмногу поради сечењето на голем дел од парк-шумата Водно. Патот е долг 4,4 километри и за неговата изградба, се потрошени околу 7,7 милиони евра.
Овој пат покрај тоа што води до елитната насеба, замислено е да им служи и на жителите на Сопиште и оние кои имаат таму имот да не кружат преку Кисела Вода. Идејата за целокупниот проект Сончев Град е започната уште во времето на Владата на Владо Бучковски кога министер за транспорт и врски беше Џемали Мехази.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




