14 Декември, 2025
0.0377

Патничката која испадна од автобусот кој заврши во бездна во Црна Гора раскажа што се случило

Објавено во: Балкан 19 Септември, 2023 19:19

Добивај вести на Viber

Сања Вучиниќ (24) oд црногорскиот град Никшиќ за „Вијести“ изјави дека цело време била во свесна состојба, а при слетувањето испаднала од автобусот кој заврши во бездна.

По 16 часот од Цетиње е пренесена во Клиничкиот центар во Подгорица за понатамошна дијагностика.

Девојката за „Вијести“ раскажа дека седела на десната страна среде автобусот, и дека гледала во телефонот кога удриле во банкината.

„Ги слушнав крикот на патниците и тогаш паднавме. При падот испаднав, навистина не се сеќавам како излегов од автобусот. Успеав сама да излезам од бездната на патот“, изјави Сања Вучиниќ.

Таа околу 10 часот утрово со автобус на фирмата „Паповиќ“ од Никшиќ тргнала кон Будва, каде попладнето требало да дојде на работа во хотелот „Медитеран“.

„Имав два дена одмор и ова се случи на враќање“, рече таа.

Најмалку две лица загинаа, додека 22 патници се повредени во сообраќајката што се случи на патот Цетиње-Будва.

Загина државјанин на Велика Британија, а другото женско лице е неидентификувано, изјави дежурната обвинителка Анѓа Радовановиќ.

Возачот е приведен и во полиција кажал дека почувствувал болка во задниот дел од главата, по што излетал во провалија. 

Можеби ќе ве интересира

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?