ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ НА ДВЕ ТРКАЛА: Антон и Силвана Митреви ја промовираат Македонија на уникатен начин
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2019 06:39
Maкедонците Антон и Силвана Митреви тргнаа во мисија да го обиколат светот за една година, со што ќе ја промовираат Македонија.
Нивниот проект е наречен „Гушни го светот“, а идејата за промоција на земјата и македонската култура е уникатен. Патуваат со мотор, носат македонски обележја, делат материјали за Македонија. Целта им е светот да види дека на Балканот има една мала, убава земја, со мирољубив и гостопримлив народ.
„Патувањето започна на 20ти јуни 2018 година од Скопје. Поминавме 19 држави досега, патувањето би требало да заврши кон средината на оваа година. Идејата беше да бидеме првиот македонски мотоцикл кој го заобиколил светот со МК регистарски таблички со истакнато македонско знаме. Проектот е наречен „Гушни го светот“, ги користиме прегратките како симбол на љубов и мирољубивост кон останатите народи, во сите контакти раскажуваме за нашата мала и убава Македонија. Имаме флаери и цедиња од Македонија кои ги делиме со цел да што повеќе народ ја запознае нашата татковина и нејзината култура“, вели Силвана Митрева.

Сопружниците се задоволни од досегашниот тек на патувањето, а досега поминале над 40.000 км. Биле во многу земји, и велат дека реакциите на луѓето се пријатни.
„Изненадени сме од позитивниот прием на луѓето од државите кои ги поминавме. Секаде бевме одлично примени и се трудевме на што повеќе луѓе да раскажеме за една мала балканска држава, во која живеат луѓе со големи срца. И после сиот овој пат, нашиот заклучок е ист, на светот му е потребна љубов“, додава Митрева.

Тие сега се во Мелбурн, Австралија, a за себе велат дека се големи љубители на мотоцикли. Со подвигот кој го прават сакаат да остават трага зад себе. Искуствата кои попат ги доживеале ги опишуваат на станицата на Фејсбук, Гушни го светот.


Тие се воодушевени од топлиот народ кој ги дочекал во Индонезија, биле сведоци на густ сообраќај во Џакарта, посетиле на места кои чести го погодуваат елементарни непогоди.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК
ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“




