29 Април, 2024
0.0293

Заедно. Истражете го светот.

Партнерството меѓу Emirates и flydubai ги најавува првите заеднички рути

Објавено во: Мои пари 03 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

·  Со почетокот на партнерството, Emirates ќе лета на 29 заеднички летови со кои управува flydubai

·  Патниците можат да резервираат веќе од 03 октомври за патувања кои започнуваат од 29 октомври

·  Патувајте на повеќе дестинации лесно, често и брзо

Дубаи, 03 октомври 2017 година: По започнувањето на нивното партнерство, Emirates и flydubai денеска објавија дека Emirates ќе ја прошири својата мрежа на 29 дестинации на три континенти на кои леташе flydubai.

Новата партнерска мрежа, преку своите заеднички (код-шер) летови, ќе понуди поголема фреквенција и полесен пристап до повеќе глобални дестинации, со предност на поврзување на багажот до крајната дестинација. Патниците можат да резервираат веќе од 03 октомври на Emirates.com, преку контакт центрите на Emirates или преку мрежата од туристички агенции за патувања кои почнувајќи од 29 октомври 2017 година.

Н.Е. Шеикот Ахмед бин Саид Ал Мактум, претседател и главен извршен директор на Emirates Group и претседател на flydubai, рече: „Ова е возбудлив прв чекор во отклучувањето на придобивките од партнерството за патниците кои ќе имаат можност да уживаат во уникатните предности кои секоја авиокомпанија ги нуди, како и поголем избор и флексибилност при поврзување преку Дубаи. Ова е само почеток и како што ќе ја прошируваме партнерската мрежа во наредните месеци, ќе отвориме повеќе можности за нашите патници да го истражуваат светот".

Во текот на патувањето Emirates и flydubai на патниците ќе им овозможат искуства со производи кои ќе ги одразуваат уникатните карактеристики на брендот. Кога ќе се резервира заедно, како дел од код-шер, патниците на Emirates ќе добијат бесплатни оброци и багаж чекиран во Emirates за летови што ќе ги врши flydubai во бизнис и економската класа.

Поврзувањето во воздухопловниот центар на Дубаи нуди лесно трансфер искуство, а од новото партнерство, патниците ќе имаат корист од намалено минимално време за поврзување (MCT) помеѓу седиштето на Еmirates на терминал 3 и flydubai на терминал 2 до 120 минути.

Денешното соопштение е почетна фаза од  еден опсежен договор којшто во следните фази ќе го покаже создавањето на дополнителни врски меѓу градовите, како што договорот за код-шер се проширува и мрежите на двете авиокомпании се оптимизирани.

Повеќе бенефиции за честите патници

Во оваа прва фаза на партнерството, членовите на Emirates Skywards може да заработат Skywards miles и Skywards Tier Miles на код-шер летовите, според постоечката програма за километража.

Покрај бесплатното чекирање на багажот на Emirates, членовите на Skywards Premium, исто така, можат да уживаат и во носење дополнителните багаж од 20 килограми (членови на Платинум членови), 16 килограми (Златни членови) и 12 килограми (Сребрени членови) на код-шер летови со кои управува flydubai.

Членовите на Skywards Silver, Gold и Platinum, кои патуваат на код-шер летови, можат да пристапат до шалтерите на flydubai и да добијат приоритетни ознаки.

Понатамошни придобивки и програми за лојалност за оние членови кои често летаат со овие две авиокомпании ќе бидат објавени во догледно време.

Emirates и flydubai партнерство за код-шер дестинации


За Emirates

Нашиот медиумски центар ги содржи најновите информации за нашето работење, вклучувајќи ги и најновите соопштенија за јавност, медиумски натписи и нашите контакт информации.

Приказната за Emirates започна во 1985 година кога започнавме да летаме со само два авиона. Денес, летаме со најголемата флота авиони во светот на Airbus А380 и Beoing 777, нудејќи им ја на нашите клиенти удобноста на најновите, најефикасни и широки авиони на небото.

Ние ги инспирираме патниците низ целиот свет со нашата растечка мрежа на дестинации, најдобра забава и содржини за време на летот, регионално инспирирана кујна и услуга од светска класа. Дознајте повеќе.

За flydubai

flydubai, со седиште во Дубаи, се обидува да ги отстрани бариерите за патување и да ја зајакне поврзаноста помеѓу различните култури низ нејзината постојано растечка мрежа. Од почетокот на своето работење во 2009 година, flydubai има:

·  развиено мрежа од повеќе од 95 дестинации во 44 земји.

·  Отвори 67 нови правци кои претходно немаа директни воздушни врски со Дубаи или не беа овозможени од страна на национален авиопревозник ОАЕ од Дубаи.

·  Оперира со еден тип флота од 58 авиони од новата генерација на Beoing 737-800 и ќе испорача повеќе од 100 авиони до крајот на 2023 година.

·  Дополнително, агилноста и флексибилноста на flydubai како млада авиокомпанија го подобри економскиот развој на Дубаи, во согласност со визијата на Владата на Дубаи, преку создавање на трговски и туристички текови на претходно недоволно опслужените пазари.

За повеќе информации од flydubai, Ве молиме посетете ја нашата страна

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг