14 Декември, 2025
0.0407

Парленд хоспиталити груп ги отвори вратите за студентите од Универзитетот Гоце Делчев во Штип

Објавено во: Мои пари 17 Март, 2023 16:28

Добивај вести на Viber

Паркленд хоспиталити груп, потпиша Меморандум за соработка со Факултетот за туризам и бизнис логистика (ФТБЛ) при Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип.

Целта на оваа соработка е студентите да добијат практично искуство од областа на туризмот, хотелиерството и гастрономијата, во еден од најдобрите хотелско-угостителски објекти во земјава.

Од Универзитетот велат дека оваа соработка ќе да донесе практична димензија на теоретскиот дел од наставата во практична успешна работа.

Меморандумот го потпишаа Горан Ташков, генерален директор на Паркленд хоспиталити груп, деканката на Факултетот проф.д-р Татјана Бошков и раководителката на Катедрата Бизнис логистика доц.д-р Анета Стојановска-Стефанова.

- Преку овој меморандум, ќе се вклучиме во значајна размена на искуства и знаења, овозможувајќи им на студентите да стекнат вредни сознанија за најновите трендови, практики и техники во оваа област. Големо задоволство е да се работи со студенти, да го пренесеме нашето искуство и притоа да придонесеме за развојот во оваа индустија која несомнено постојано се менува и расте.  Секое вложување во образованието е влог во иднината. Со нетрпение ги очекуваме студентите во нашиот хотел и посакуваме дел од нив еден ден да бидат и наши колеги, вели Ташков, генерален директор на Паркленд хоспиталити груп.

Деканката проф.д-р Бошков изјави дека дека заедничка цел е да се едуцираат, мотивираат и заедно со Парленд хоспиталити груп да генерираат квалитетни кадри.

-  Меморандумот е одлична основа да се зголеми практичната димензија на наставата на нашите насоки, но и да се креира простор за заеднички апликативни и стручни проекти помеѓу професорите и компанијата. Преку оваа соработка во иднина создаваме можност за пренесување искуствени знаења и за вработување на нашите студенти”- изјави раководителот на Катедрата Бизнис логистика при ФТБЛ, доц.д-р Стојановска-Стефанова.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија