27 Јули, 2024
0.0253

ПАРИТЕ НА НАШИТЕ БАНКИ СЕ ГЛАВНО ДОМА, БЕЗБЕДНИ СЕ ЦЕЛОСНО ОД ПОТРЕСИТЕ НАДВОР - гувернерката Ангеловска-Бежоска за Фактор

Објавено во: Финансии 16 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Финансискиот свет се тресе над судбината на банкарскиот гигант Кредит Свис, поставувајќи си бројни прашања како овие проблеми ќе се одразат врз глобалниот банкарски свет. Од Кредит Свис утрово доаѓа информација дека оваа мултинационална банка ќе позајми до 50 милијарди франци, односно 54 милијарди долари од швајцарската Централна банка, со цел да ги зајакне своите финансии.

Во време кога е драматична состојбата на светските финансиски пазари, а предизвикано од падот на американската СВБ Банка, Фактор се интересираше колку се безбедни парите на македонските деловни банки.

Дали нашиот банкарски сектор има средства во Кредит Свис, е прашањето кое си го поставуваат финансиските аналитичари во земјава? Можно ли е евентуална пропаст на Кредит Свис, што многумина, а и самата банка го сметаат за сосема неможно сценарио, да доведе и до загуби кај нашиот банкарски сектор?

Народна банка на Македонија уште на првиот ден по случувањатра со СВБ Банката се огласи и кажа дека нашиот банкарски сектор е безбеден и нема да има никакви последици.

Но, по најновата состојба со Кредит Свис, Фактор уште еднаш ги постави прашањата до гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, колку се безбедни македонските банки.

Гувернерката во својот одговор за Фактор вели дека изложеноста на нашите деловни банки кон странство е многу мала, што всушност го прави отпорен на тековни надворешни случувања.

Како што веќе и искомунициравме, важно е јавноста да знае дека изложеноста на нашите банки кон странство е многу мала, што говори во полза на негова отпорност на директни ефекти од тековните надворешни случувања. Доминантен дел од пласманите на банкарскиот систем се во домашната економија, а изворите на финансирање се доминантно домашни. Побарувањата на нашиот банкарски систем кон странство се само 5 отсто од вкупните средства, а обврските само 6,6 отстоод вкупните обврски“, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска за Фактор.

Ова всушност ако послободно се преведе, би значело дека парите на нашите банки се дома, па затоа и светските потреси не може да имаат некое страшно влијание врз нашиот банкарски сектор.

Како што таа укажува, дополнително, а многу важно, е што нашиот банкарски систем работи врз основа на конзервативен деловен модел, што дополнително го прави отпорен во вакви ситуации.

„Тој има диверзифицирана и стабилна структура на финансирање во која депозитите на населението имаат доминантно учество. Овие средства главно се пласираат во кредити на нефинансиските лица, коишто учествуваат со 60 отсто во вкупните средства на банките и коишто имаат висок квалитет“, објаснува гувернерката Бежоска.

Токму затоа, како што нагласува таа, ваквата позиција на нашите банки, заедно со исклучително солидните биланси, со високо ниво на капитал, коешто е највисоко во последната декада, соодветната ликвидност и одличниот квалитет на кредитното портфолио, говорат во прилог на негова отпорност.

„Се разбира дека сите случувања на глобалниот пазар внимателно ги следиме“, децидна е гуивернерката Бежоска.

Фактор веќе објави податок, според најновите бројки на НБМ, колкава е големината на активата, а со тоа и силината на македонските деловни банки.

Инаку, Кредит Свис соопшти дека презема решителни активности за да ја зајакне својата ликвидност, додека акциите на банката вчера паднаа за 24 отсто, откако соопшти дека нашла „слабост“ во своето финансиско известување.Тоа предизвика општа распродажба на европските пазари и страв од поголема финансиска криза. 

Американската финансиска институција, пак, Џеј-Пи Морган оцени дека најверојатното сценарио е мултинационалната банка УБС Груп во Швајцарија да ја преземе банката Кредит Свис. Тешката положба на таа банка доведе до сомневања за стабилноста на целиот финансиски пазар во светот.Коментирајќи ја одлуката на швајцарската национална банка да обезбеди помош за ликвидност на Кредит Свис во износ од 50 милијарди франци, Џеј-Пи Морган забележува дека тоа „не е доволно“. Сепак, акциите на Кредит Свис пораснаа за повеќе од 30 отсто откако банката објави дека ќе позајми 50 милијарди франци од Швајцарската национална банка.

Шефот на Саудиската Национална Банка, која е најголем акционер на Кредит Свис, Амар Ал Кудаири изјави дека паниката и падот на акциите на банката се неоправдани.

„Ако погледнете како падна целиот банкарски сектор, за жал, се чини дека Кредит Свис беше само изговор за многу луѓе. Мислам дека пазарите бараат приказни за актерите да ги потврдат своите грижи. Тоа е паника, малку паника. Верувам дека е целосно неоправдано, без разлика дали тоа е за Кредит Свис или за целиот пазар“, рече тој. Имавме неуспех минатата недела, но не е ни блиску, нема врска со она што го видовме во 2008 година. Ова е само изолиран инцидент, регулаторите ја прекинаа секоја можност за излевање“, изјави Ал Кудаири за CNBC.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ПРЕМИЕР ДА БИДАМ: Еве колкави плати земаат премиерите во Европа

РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ПРЕМИЕР ДА БИДАМ: Еве колкави плати земаат премиерите во Европа

НАЈБОГАТИТЕ ЖИТЕЛИ НА ОВАА ЗЕМЈА ТЕЖАТ ПОВЕЌЕ ОД 1.200 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: На врвот на листата се имиња познати на целиот свет

НАЈБОГАТИТЕ ЖИТЕЛИ НА ОВАА ЗЕМЈА ТЕЖАТ ПОВЕЌЕ ОД 1.200 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: На врвот на листата се имиња познати на целиот свет

ЕВЕ КАДЕ НАЈМНОГУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ КУПУВАЊЕТО СТАН: Цени на недвижностите во Европа

ЕВЕ КАДЕ НАЈМНОГУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ КУПУВАЊЕТО СТАН: Цени на недвижностите во Европа

КАКВИ СЕ ЦЕНИТЕ НА СМЕСТУВАЊЕТО, ХРАНА И УСЛУГИТЕ ВО ЦРНА ГОРА? Сè уште е поевтино од другите дестинации

КАКВИ СЕ ЦЕНИТЕ НА СМЕСТУВАЊЕТО, ХРАНА И УСЛУГИТЕ ВО ЦРНА ГОРА? Сè уште е поевтино од другите дестинации

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

ПРОФЕСОРИТЕ САШО ЌОСЕВ И ВЛАДИМИР ФИЛИПОВСКИ ДОБИЈА СОГЛАСНОСТ ОД НБМ - трет мандат ќе бидат членови на Надзорен одбор на Стопанска банка Скопје

ПРОФЕСОРИТЕ САШО ЌОСЕВ И ВЛАДИМИР ФИЛИПОВСКИ ДОБИЈА СОГЛАСНОСТ ОД НБМ - трет мандат ќе бидат членови на Надзорен одбор на Стопанска банка Скопје

СИНОХИДРО ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ АРБИТРАЖАТА - Владата тврди дека ќе бидат заштедени 50 милиони евра

СИНОХИДРО ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ АРБИТРАЖАТА - Владата тврди дека ќе бидат заштедени 50 милиони евра

МНОГУМИНА СЕ НАДЕВАА, НО НБМ ДЕНЕСКА НЕ ЈА НАМАЛИ КАМАТАТА - мора да се стабилизира инфлацијата, има уште ризици

МНОГУМИНА СЕ НАДЕВАА, НО НБМ ДЕНЕСКА НЕ ЈА НАМАЛИ КАМАТАТА - мора да се стабилизира инфлацијата, има уште ризици

ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ? Запленети 120 милиони евра од Амазон во Италија

ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ? Запленети 120 милиони евра од Амазон во Италија