ПАНТЕЛЕОН ГС ЈА КУПУВА ЗГРАДАТА НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА? Понудивме 5,37 милиони евра - се очекува одобрување од Собранието на доверители
Објавено во: Финансии 16 Март, 2023 13:12
На третата по ред електронска лицитација за продажба на зградата на Еуростандард Банка понудата на компанијата Пантелеон ГС беше избрана за најдобра.
Сега останува во следните денови стечајниот управник и собранието на
доверители да го потврдат купопродажниот процес.
Пантелеон ГС со цел да понуди реална цена ангажираше независна интернационална ревизорска куќа РСМ Македонија. Ревизорската процена беше направена во декември 2022 година во присуство на претставник од стечајниот управник, а по стандардизирана методологија за евалуација на недвижен имот, соглано законски усвоена методологија, професионално и непристрасно почитувајќи го кодексот на етика.
Објектот вклучува 1.977 м2 канцелариски простор, 1512 м2 под земја наменети за трезор, архива, помошни простории и 20 паркинг места, или вкупна површина од 3.489 квадратни метри. Објектот ревизорската куќа РСМ Македонија го процени на 5,3 милиони евра, додека износот кој Пантелеон ГС го понуди изнесува 330 милиони денари.
Објектот не се продава парцијално туку целосно.
При процената е земена во предвид годината на градба на овој објект, и калкулирана е амортизациона стапка од 25 отсто поради напуштеност од употреба и несоодветно тековно одржување во последните две години откако објектот е под стечај.
„Пантелеон ГС е брзо растечка македонска аутсорсинг компанија која работи за компании на американскиот пазар. Компанија со амбициозни планови за раст и развој, која во најскоро време сака и да го удвои бројот на вработени кој во моментов брои околу 100-тина талентирани македонци. Како респектабилна компанија со објавување на оваа наша намера сакаме да покажеме транспарентност во целиот овој процес, да ги покажеме нашите планови за развој, за нови вработувања од што интерес ќе има и македонската економија“, велат од компанијата.
Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари




