ПАНИКА ВО АНГЛИЈА: Непознат маж по улица бодел луѓе
Објавено во: Свет 08 Март, 2017
Неколку луѓе се избодени со нож на улица во англискиот град Волверхемптон.
Mаж се движел по улица и бодел со нож случајни минувачи, по што се самоубил. Од повредените, една жена починала на самото место, додека друга е во животна опасност.
ББЦ повикувајќи се на амбулатната служба објави дека се работи за „сериозен инцидент“ и дека на болнички третман се примени неколку лица.
Весникот „Бирмингем мејл“ пренесува дека една жена на 30 -тина година починала, исто како и напаѓачот кој самиот си пресудил.
Втората жена е на 50 години со критични убоди во стомакот.
Полицијата во текот на акцијата користела шок бомби. Се сомневаат дека се работи за семејно насилство.