27 Април, 2024
0.0710

Пандемијата ги поскапи печатачите, веб-камерите, телевизорите - компјутерите со 79 проценти повисока цена

Објавено во: Економија 11 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Пандемијата доведе до повисоки цени на многу производи, а според организациите на потрошувачи, разни технички уреди, компјутери, веб-камери, телевизori, заземаат високо место на оваа листа. Ова е потврдено со истражувањето на германскиот портал за потрошувачи „Тестберихт“ , спроведено од мај 2019 година. до февруари 2021 година. Ова се случува под влијание на повеќе фактори. Прво - слабата понуда, поради првичното затворање во Кина, потоа растот на побарувачката запоради работа од дома и на крај тука се логистичките проблеми.

Порталот наведува дека во времето на короната, правилото за паѓање на цените на новите модели на телевизори, лаптопи или печатари по неколку месеци по испораката на пазарот повеќе не важело за време на пандемијата. Како што се наведува, компјутерите поскапеа во просек за 79 проценти, а печатачите за 19. Поради променетиот начин на живот, цените на кујнските апарати се зголемија во просек за 25,4 проценти, претежно кај машините за миење садови кои поскапеле за една петтина отколку пред кризата. Исто така, повисока цена имаат и уредите за вежбање, термометрите и машинките за коса.

Официјалните податоци во регионот покажуваат дека од почетокот на здравствената криза, набавката на компјутерска опрема и технички уреди преку Интернет е зголемена за 50 проценти. Трговците во голема мерка се префрлувале на онлајн продавници, а најголемата побарувачка за овој вид стока била во првите денови на пандемијата поради преминот кон работа од дома и учење од далечина.

Ева Стубер од Институтот за истражување на трговија во Келн изјави дека за цените на многу производи, како што се лаптопите или велосипедите, конкурентноста одеднаш е помалку важна од достапноста на пазарот. Како што истакна таа, одеднаш тој принцип повеќе не важи, па цените на електричните уреди паѓаат по неколку месеци на пазарот. Како што се наведува, до сличен заклучок дошол и потрошувачкиот форум „Мудеалз“, кој, од 15 февруари 2020 година до истиот датум оваа година, ги спореди цените на 550 случајно избрани производи. Тие дојдоа до заклучок дека повеќе од половина од производите поскапеле.

- Пандемијата на короната ги исфрли пазарите од рамнотежа - рече основачот на таа компанија, Фабијан Спилбергер. Прибор за јадење, садови и чаши, како и филмовите и видео игрите, исто така, поскапеле.

Тој објасни дека короната предизвика логистички проблеми, тешкотии во снабдувањето и нагло зголемување на побарувачката. Како што рече, тој што има добра логистика и навистина може да го испорача производот, дури и по полна цена, во моментов победува.

Сепак, експертите заклучуваат дека нормализацијата е видлива во одредени категории. Така, цените на фотоапаратите повторно паднаа, иако сè уште не се на нивото пред кризата.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра