28 Април, 2024
0.0279

Пакомак и Шпаркасе Банка четврта година по ред ги наградуваат основните училишта кои се грижат за почиста животна средина

Објавено во: Мои пари 20 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Со мотото „Рециклирање?! - КАЖИ ДА!“ денес во спортскиот центар „Борис Трајковски“ Пакомак и Шпаркасе Банка ги доделија наградите на основните училишта кои покажаа завидни резултати во однос на селектирањето на рециклажната амбалажа.

43.500 ученици од 76 основни училишта во општините Гази Баба, Карпош, Центар, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Чаир и Бутел цела учебна година организирано собираа пластични шишиња, а како награда за ваквите активности добиваа донација од течен сапун од Пакомак, и учеа за важноста од селектирање и рециклирање на амбалажниот отпад, времето на распаѓање на материјалите во природата, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија со цел да го увидат бенефитот од правилното однесување со амбалажниот отпад и заштитата на животната средина.

Вкупно беа доделени 16 награди, прва и втора награда за секоја општина на ниво на град Скопје. Со најдобри резултати во селектирањето на отпадот беа училиштата: ОУ „Крум Тошев“ од општина Гази Баба и ОУ „Браќа Миладиновци“ од општина Аеродром.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг