Пакистанска телевизија тврди дека Трамп е Пакистанец
Објавено во: Свет 16 Ноември, 2016
Пакистанскиот телевизиски канал Neo News, цитиран од швајцарскиот весник „Блик", соопшти дека новиот претседател на САД, Доналд Трамп не е роден во Њујорк, туку во Пакистан.
Според нив, тој е роден во Вазиристан како Дауд Ибрахим Кан во Шауал. Малиот Дауд е посвоен од британски офицер, кога неговите родители се убиени при судир. Пакистанците дури се подготвени да го покажат актот за раѓањето на Трамп, но за почеток ја покажаа неговата слика.
Трамп е исклучително популарен во Пакистан, коментира швајцарскиот весник.