14 Декември, 2025
0.7209

ПАКИСТАН: ИНДИЈА ГИ НАПАДНА НАШИТЕ ВОЕНИ БАЗИ - почнавме одмаздничка операција

Објавено во: Свет 10 Мај, 2025 07:17

Добивај вести на Viber

Пакистанската војска објави дека Индија извршила напади врз неколку пакистански воени бази во текот на ноќта, вклучувајќи локации во близина на главниот град Исламабад. Исламабад објави дека започнал голема воена операција наречена „Бунјанун Марсус“ како одговор, тврдејќи дека возвратил со ракетни напади врз индиски цели.

„Индија ги таргетираше базите Нур Кан, Шоркот и Мурид од своите борбени авиони. Сите ракети беа пресретнати и не предизвикаа значителна штета“, изјави портпаролот на пакистанската армија, генерал-потполковник Ахмед Шариф Чаудри, во обраќање емитувано на државната телевизија.

Тој додаде дека индиските сили, исто така, лансирале ракети и беспилотни летала кон Авганистан, но Си-Ен-Ен не можеше независно да ги потврди тие тврдења и побара коментар од индиското Министерство за одбрана и воздухопловните сили. Тој додаде дека индиските сили, исто така, лансирале ракети и беспилотни летала кон Авганистан.

Пакистан ја почна операцијата Бунјанун Марсус

Кратко по тие обвинувања, пакистанската армија објави дека започнала одмаздничка операција наречена „Бунџанун Марсус“, што на арапски значи „непробоен ѕид“, а името е земено од Куранот.

„Пакистан одговара!!“, објави армијата на социјалните мрежи, велејќи дека целите на операцијата биле клучни воени локации на индиската војска. Според официјалните информации, уништено е складиштето на суперсонични крстосувачки ракети „БрахМос“ во областа Бијас, а погодени се и воздухопловните бази Патанкот и Удхампур.

„Во духот на принципот „око за око“, ги таргетиравме базите што Индијците ги користеа за напад врз Пакистан“, се вели во соопштението.

„БраМос“ е суперсонична ракета со долг дострел, заеднички развиена од Индија и Русија, чиишто засолништа Пакистан сега тврди дека ги уништила.

Си-Ен-Ен не беше во можност независно да ја потврди оваа информација.

Владата: „Индија мора да се подготви за нашиот одговор“

Веднаш по обвинувањата на Пакистан за индискиот напад, Владата на Пакистан објави на платформата X: „Индија сега мора да се подготви за одговорот на Пакистан“. Во пораката се наведува дека вооружените сили на Пакистан се „целосно подготвени да ја бранат татковината, воздушниот простор и националната безбедност“.

Државната телевизија, исто така, потврди дека воената одмазда официјално почнала и дека нападите се во тек.

Воздушниот простор на Пакистан затворен за цивилен сообраќај

Како дел од воената подготвеност, пакистанските власти рано утрово го затворија воздушниот простор за сите цивилни летови. Според Пакистанската управа за цивилно воздухопловство (PAA), забраната стапи на сила во 3:15 часот наутро по локално време и се очекува да трае најмалку до пладне во сабота.

Нур Кан, една од погодените бази, се наоѓа во близина на седиштето на пакистанската армија во Равалпинди и ја користат странски претставници и воени лидери за патувања.

Индиските власти не дадоа јавна изјава до моментот на пишување на овој текст.

Г7 и ЕУ повикуваат на итна деескалација

По најавите од Исламабад, министрите за надворешни работи на земјите од Г7 и високиот претставник на Европската Унија издадоа заедничко соопштение во кое ги повикаа двете страни на максимална воздржаност и итна деескалација.

„Остро го осудуваме гнасниот терористички напад во Пахалгам на 22 април и ги повикуваме Индија и Пакистан на максимална воздржаност. Понатамошната воена ескалација сериозно ја загрозува регионалната стабилност. Длабоко сме загрижени за безбедноста на цивилите од двете страни“, се вели во соопштението.

„Повикуваме на итен дијалог и дипломатско решение. Продолжуваме внимателно да ја следиме ситуацијата“, додадоа министрите. Г7 е составена од Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави.

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала