26 Април, 2024
0.0344

ПАК ЛИ ЌЕ СЕ МАЧИМЕ СО КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ - во јануари само 6,5 милиони евра

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

И оваа година многу лошо им тргна на капиталните инвестиции, барем ако се суди според првиот месец. 

Во јануари годинава биле потрошени само 1,67 отсто од предвидените капитални расходи за цела година, говорат податоците на Министерството за финансии, што е исклучително малку ако се има предвид дека просечно месечно буџетските ставки би требало да се реализираат со по околу 8,3 проценти. 

Или, ако се гледа во апсолутна сума, во јануари се реализирани само 6,5 милиони евра капитал од странски компании. 

Минатата година вкупните приходи и расходи се реализирани со по 7,02 отсто.

Кај даноците за јануари има реализација од 7,12 отсто

Она што е интересно е дека послаба реализација има кај персоналниот данок, и тоа 6,9 отсто. Дали тоа значи дека приходите се намалуваат и поради замрзнувањето на прогресивниот данок, ќе даде образложение Владата, а ќе се следи и реализацијата во следните месеци. 

Уште послаба наплата има и кај данокот на добивка, само 4,3 отсто. 

Кај данокот на додадена вредност реализацијата е добра, 7,9 проценти. 

Добро се реализирале приходите и од административни такси и глоби, 7,9 отсто, а најмногу од други такси, од нив се собралче дури 12,5 отсто од предвидените пари за цела година. 

Кај расходите, послаба е реализацијата на ставката стоки и услуги, 4,9 отсто, но убедлово најлошо е остварувањето кај капиталните инвестиции.

Инаку, Владата лани успеа да потроши за цела година само 78 отсто од планираните трошоци за капитални проекти. Станува збор за сума од речиси 290 милиони евра, а предвидени беа безмалку 370 милиони евра за цела година и тоа по намалувањето на сумата со ребалансот на буџетот за минатата година. Имено пред да се прекрои буџетската каса, за капитални трошоци за 2019 година беа предвидени 422 милиони евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката