ПАДНАЛ ВО ПРОВАЛИЈА ДЛАБОКА СТОТИЦИ МЕТРИ: Американец загина во БиХ
Објавено во: Балкан 20 Април, 2025 13:13
Американски војник загина на планинарење во Босна и Херцеговина(БиХ).
Тoj во БиХ престојувал на одмор. Американски државјанин загинал на планината Маглиќ на која бил на планинарење со сопругата. Додека планинарел во саботата, тој се лизнал и паднал низ заледена карпа во провалија длабока неколку стотици метри. Повикувајќи се на неименувани извори, порталот Dnevni avaz наведува дека најверојатно се работи за припадник на американската армија кој бил на должност во Италија.
Спасувачките екипи веднаш по добивањето на пријавата ја почнале потрагата, но поради тешкотијата на теренот дури во неделата наутро успеале да го пронајдат телото на Американецот. Ненад Икониќ од Планинската спасувачка служба на Република Српска (ГСС) претходно изјави дека несреќата се случила на надморска височина од околу 2.200 метри, а во потрагата била ангажирана екипа на ГСС од 12 лица, помогната од полицијата и цивилната заштита.
Истрагата ја води Окружното обвинителство во Фоча, кое ќе ги испрашува сведоците. Се работи за лица кои престојувале на Маглиќ кога мажот починал, а се државјани на Словачка и Русија.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




