15 Октомври, 2024
0.0298

ПАДНАЛ ОД КРЕВЕТ, А ПОМОШ БАРАЛ НА 112 - БРЗАТА ПОМОШ СПАСИ ПАЦИЕНТ КОЈ ЛЕЖЕЛ ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА- : Ангелов ја шокираше јавноста

Објавено во: Македонија 04 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во гостување на подкастот на Сакам да кажам, даде шокантно сведоштво. 

Како што кажа тој, пред само неколку дена, на 112 имале бизарен и чуден повик. Се јавило лице кое пријавило дека паднало и не добива никаква помош. Кога вработените во 112 го прашале каде се наоѓа за да испратат помош, лицето рекло дека е во болницата во Велес.

„Нашите оператори мислеле најпрво дека станува збор за некое недоразборањ,е оти како е можно лице кое е згрижено во болница да бара помош? Но, навистина било така. Лицето било примено во болницата, но во текот на ноќта паднал од кревет и барал помош од сестра и доктор. Никој не доаѓал два часа. Успеал да дојде до мобилниот телефон и се јавил кај нас. Имал шипки во рацете и ‘рбетот. Кога нашите го префрлиле повикот во Брзата помош, тие биле збунети како сега да одат во болница да интервенираат. Нашите го контактирале и обезбедувањето, но тие немале соодветен клуч и не можеле да влезат. Настанала вистинска драма која траела 40 минути додека влегла Брзата помош. Нашите мислеле дека умрел пациентот оти одредено време го немало на линија, а тој го исклучил телефонот за да ја зачува батеријата. На крај, овој бизарен случај се заврши успешно, Брзата помош спаси пациент кој падна од кревет во велешката болница“, раскажува Ангелов.



Можеби ќе ве интересира

Мицкоски од Берлин: Решение само со јасен крај - членство на Македонија во ЕУ

Мицкоски од Берлин: Решение само со јасен крај - членство на Македонија во ЕУ

Повторно пукање во Чаир вечерва

Повторно пукање во Чаир вечерва

ЈПДП ќе го разреши шефот за патарини Митревски по скандалот што го објави СДСМ

ЈПДП ќе го разреши шефот за патарини Митревски по скандалот што го објави СДСМ

Над 14.000 граѓани пријавени во првите три дена за бесплатна вакцинација против сезонски грип

Над 14.000 граѓани пријавени во првите три дена за бесплатна вакцинација против сезонски грип

Јетон Шаќири: Зголемувањето на платите на наставниците само симболично, СОНК ги брани интересите на Владата

Јетон Шаќири: Зголемувањето на платите на наставниците само симболично, СОНК ги брани интересите на Владата

Таравари: Докторите направиле погрешни проценки при смртта на 14-месечното бебе

Таравари: Докторите направиле погрешни проценки при смртта на 14-месечното бебе

МАЈКАТА НА ВАЊА НЕ ПОЗНАВА НИТУ ЕДЕН ОД ОБВИНЕТИТЕ: Заврши денешното рочиште

МАЈКАТА НА ВАЊА НЕ ПОЗНАВА НИТУ ЕДЕН ОД ОБВИНЕТИТЕ: Заврши денешното рочиште

ПОЗНАТАТА НОВИНАРКА ИВОНА ТАЛЕВСКА ПО 25 ГОДИНИ СИ ОДИ ОД СИТЕЛ - еве каде ќе продолжи да ја гради новинарската кариера

ПОЗНАТАТА НОВИНАРКА ИВОНА ТАЛЕВСКА ПО 25 ГОДИНИ СИ ОДИ ОД СИТЕЛ - еве каде ќе продолжи да ја гради новинарската кариера

ЗЕТОТ И ЌЕРКАТА НА ПАНЧЕ ОТКРИЈА ДЕКА ОСОМНИЧЕНИОТ ВЕЛИБОР И ПАНЧЕ СЕ ПОЗНАВАЛЕ И ИМАЛЕ СПОР: Велибор му правел двор со бекатон плочки, но на Панче не му се допаднало

ЗЕТОТ И ЌЕРКАТА НА ПАНЧЕ ОТКРИЈА ДЕКА ОСОМНИЧЕНИОТ ВЕЛИБОР И ПАНЧЕ СЕ ПОЗНАВАЛЕ И ИМАЛЕ СПОР: Велибор му правел двор со бекатон плочки, но на Панче не му се допаднало