21 Мај, 2025
0.0334

ОВОШКИТЕ ИЗМРЗНАА: Како сега ќе се снаоѓаат луѓето од Росоман и Ресен за егзистенција?

Објавено во: Македонија, Агробизнис 24 Април, 2025 07:55

Добивај вести на Viber

Откако мразот направи штети на овошките во Росоман и Ресен, луѓето во овие краеви велат дека ќе мораат да се снаоѓаат, за да си обезбедат друг извор на приходи за опстанок.  Мразот им нанесе штета, а загубите ќе ги чинат илјадници евра. Некои овоштари ќе си ја пробаат среќата, ќе бараат работа во соседните градови, други ќе аргатуваат или ќе одат во странство. Хрватска е една од државите каде одат на сезонска работа.

„Луѓето одат на сезонска работа и тоа локално, во Росоман, во Кавадарци, берат грозје и работат други работи. Работа има во август и во септември. Некои фамилии одат во Хрватска, најактуелна е,  најпримамлива за работа. Грција не е толку популарна за работа, порано беше актуелна. Има измрзнување, поднесовме барања за надомест на штетите“, вели жител на Росоман кој поседува овоштарник.

Во Росоман скоро секое семејство поседува овошки. Но, луѓето се трудат да засадат и други култури, за да имаат од што да живеат.

„Јас сум погоден од мразот, ама како се снаоѓаат луѓето, се знае, одат во странство, во бавчи, во фолии си работат. Бараат други приходи. Има доста луѓе што работат во Кавадарци, се снаоѓа кој како знае и може. Знам за фамилии што имаат основна дејност земјоделство, и сега садат бостан, да остварат некој приход плус. Има доста овоштарници во Росоман, најмногу се работи тоа, праската доминира“, додава друг жител на Росоман.

Сопствениците на овоштарниците во Ресен и Преспа велат дека имаат големи штети и се надеваат на помош од државата.

„Повеќето јаболка се уништени, род ќе нема, многу тешко. Луѓето маки мачат, многу тешко ќе оди. Субвенции даваат, ама од нив не се живее, треба произодство да се има. Во рок од 5 дена двапати прскав, да се спаси нешто, но има доста штета. Не е лесно. Во Охрид, луѓето од Ресен можат да се снајдат нешто да работат сезонски, но тешко е. Одат и во Битола да работат. Одат секаде и во странство, најмногу се снаоѓаат сега во Хрватска преку лето“, објаснува Крсте Таневски, овоштар од Ресен.

Овоштарите велат дека ако сега не им се пружи заштита на дрвцата, идната година исто нема да има добар род. Не се знае дали сите овоштари ќе бидат во состојба да вложат во прскање на дрвцата.

Земјоделците велат дека годинава ќе има многу малку род, а овошјето ќе биде многу скапо. Измрзнаа кајсии, праски, цреши, јаболка.

„Дефинитивно е голем проблем. Луѓето сега немаат пари да ги одржуваат насадите. Катастрофа е. Некој ќе бега во странство, некој ќе сади нешто друго. Младите одат во странство. Државата ако поскоро помогне, ќе биде подобро. Јас имам засадено кајсија, цреша, праска, круша, слива, нема што немам, но 98 отсто измрзна. Ако требало 700 тони да наберам, сега само 30 тони ќе наберам“, вели Владо Орданов од селото Сирково, Општина Росоман.

Горан Стефановски, раководител на работна единица Ресен што е во состав на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделство, месецов изјави дека над 3.000 хектари со јаболкови насади целосно ќе бидат уништени во студениот бран што ја зафати и Преспа. Сортата ајдарет е најзастапена во овој крај. Земјоделци од битолско се жалеа дека студот ги уништи и јагодите. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ВЕЌЕ НЕ Е МИНИСТЕР, ПА МОЖЕ ДА ШЕТА: Таравари замина кај Рама

ВЕЌЕ НЕ Е МИНИСТЕР, ПА МОЖЕ ДА ШЕТА: Таравари замина кај Рама

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ УЧИ ЗА ПОП: Условите за упис во средно бараат благослов од надлежен архиереј и уверение од парохискиот свештеник дека кандидатот е подобен за свештенички чин

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ УЧИ ЗА ПОП: Условите за упис во средно бараат благослов од надлежен архиереј и уверение од парохискиот свештеник дека кандидатот е подобен за свештенички чин

ЦАРИНИЦИТЕ СО „БОГАТА“ ЗАПЛЕНА: откриени евра, цигари, детски играчки, уметнички слики

ЦАРИНИЦИТЕ СО „БОГАТА“ ЗАПЛЕНА: откриени евра, цигари, детски играчки, уметнички слики

АКЦИЈА „БУНКЕР“, ОЈОГОКК ОБЕЗБЕДИЛО ДОКАЗИ ПРОТИВ КРИМИНАЛНАТА ГРУПА БЕЛАНОЦА-БАРОН: Од утринава се претресуваат пет локации во Скопје

АКЦИЈА „БУНКЕР“, ОЈОГОКК ОБЕЗБЕДИЛО ДОКАЗИ ПРОТИВ КРИМИНАЛНАТА ГРУПА БЕЛАНОЦА-БАРОН: Од утринава се претресуваат пет локации во Скопје

НЕМА ВЕЌЕ ЧЕКАЊЕ СО СААТИ НА ЕВЗОНИ: Грција итно надградуваат, ќе се забрза преминувањето на границата

НЕМА ВЕЌЕ ЧЕКАЊЕ СО СААТИ НА ЕВЗОНИ: Грција итно надградуваат, ќе се забрза преминувањето на границата

„ДОГОВОРОТ СО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО ДОАЃА КАКО УТЕШНА НАГРАДА“: Величковски за договорот за партнерство

„ДОГОВОРОТ СО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО ДОАЃА КАКО УТЕШНА НАГРАДА“: Величковски за договорот за партнерство

„РЕШИВ ДА НЕ ЛЕГИТИМИРАН ЦИРКУС“: Фетаи вели остануваат во Влада

„РЕШИВ ДА НЕ ЛЕГИТИМИРАН ЦИРКУС“: Фетаи вели остануваат во Влада

„ТРЕБА И ОТКАЗИ ДА ИСФРЧАТ ИСТО ТАКА“: Д-р Лазаров вели, потребен ни е само шатл сервис за пациенти и персонал

„ТРЕБА И ОТКАЗИ ДА ИСФРЧАТ ИСТО ТАКА“: Д-р Лазаров вели, потребен ни е само шатл сервис за пациенти и персонал

НЕМА КАДЕ ДА НЕ ПРЕМИЕ ДОКТОРКАТА: Повреден од Кочани сведочи за состојбата во кочанската болница

НЕМА КАДЕ ДА НЕ ПРЕМИЕ ДОКТОРКАТА: Повреден од Кочани сведочи за состојбата во кочанската болница