ОВОЈ ДОКТОР ПРВ ПРЕДУПРЕДИЛ НА КОРОНАВИРУСОТ: Животот набрзо му се претвори во пекол
Објавено во: Свет 04 Февруари, 2020 12:26
Ли Венилианг, 34 годишен лекар од Вухан на 30 декември на своите студенти по медицина преку популарната кинеска чет апликација WeChat им пратил порака во која напишал:
„На седуммина луѓе од локална рибарница им е дијагностициран вирус сличен на САРС и се наоѓаат во болница во карантин“.
Ли на студентите им објаснил дека според тестовите кои ги видел се сомнева дека се работи за коронавирус - големо семејство на вируси кои меѓу симптомите имаат и тешки нарушувања во дишењето.
-Само сакав своите колеги да ги предупредам да бидат внимателни-рекол Ли за СиЕнЕн.
Ги предупредил веста да им ја пренесат и на своите најблиски. Но, само неколку часа подоцна, неговите пораки станале вирални и тоа така што се видело кој ги праќа- Ли Венилианг.
-Сфатив дека работата излезе од контрола и дека веројатно ќе бидам казнет - рекол Ли и бил во право.
Недолго откако пораките се прошириле, полицијата во Вухан го обвинила дека шири трачеви, а како наведува СиЕнЕн, Ли бил само еден од неколкуте лекари кои биле на мета на полицијата, бијдеќи се обиделе да ја прошират веста за смртоносниот вирус недели пред да се појави епидемијата.
Болеста од тогаш уби 425 луѓе и зарази преку 20 000 луѓе, вклучувајќи го и Ли.
Ли разговарал со новинарите на СиЕнЕ од својот билнички кревет и им потврдил дека во саботата му е потврдена дијагнозата. Токму неговата дијагноза предизвика критики во Кина, каде владее се поголемо незадоволство поради растечките државни цензури околу болеста и потенцијални грешки граѓаните да се известат навреме за смртоносниот вирус.
Истиот ден кога Ли им ги пратил пораките на студентите, здравствената инспекција во Вухан издала предупредувачко соопштение и ги известила здравствените власти дека бројни пациенти од рибарница во градот имаат „мистериозно воспаление на белите дробови“.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




