14 Декември, 2025
0.0561

„ОВАА БОРБА ЌЕ БИДЕ ДОЛГА И НЕМА ДА БИДЕ РЕШЕНА НИТУ ЗА ЕДНА, НИТУ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ“ - Директорот на ФЗО, Клековски, вели дека сега почнува ризикот од инфекции

Објавено во: Македонија 22 Март, 2025 20:06

Добивај вести на Viber

Состојбата се подобрува, се намалува бројот на критични пациенти, но далеку сме од моментот на опуштање. Борбата не е завршена, затоа што сега почнува ризикот од инфекции и допрва претстои можно влошување на состојбата, изјави Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).

-Нема опуштање – затоа што како се намалува ризикот од акутните изгореници и респираторни повреди, почнува да расте ризикот од инфекции. Така што, борбата не е завршена, таа допрва претстои и можно е пациенти кои биле во добра состојба да им се влоши состојбата поради ризик од инфекција. Оваа борба ќе биде долга и нема да биде решена ниту за една, ниту за две недели, рече Клековски на прес-конференција, посочувајќи дека за двете состојби се прави мониторинг и редовни токсиколошки и микробиолошки анализи и во земјава и во болниците во странство.

Посочи дека сите 54 повредени пациенти од пожарот во Кочани кои се лекуваат во земјава се во стабилна состојба, а од 115-те во странство – шест се критични. Соопшти и дека вчера биле хоспитализирани шест нови пациенти -  пет на Токсикологија и еден со комбинирани - респираторни проблеми и изгореници.  

Во понеделник се очекуваат протоколи за враќање во земјата на првите пациенти од странство кои се во добра здравствена состојба што ќе се случи, најверојатно, во втората половина на неделата. Тимови од Израел и Велика Британија, рече, помагаат да се направи планот за враќање, рехабилитација и натамошен третман во земјата. 

Нагласи дека болничкото лекување во странство е гарантирано бесплатно и сто отсто на сметка на државата во која е хоспитализиран пациентот и дека се што се појавува во јавноста во врска со некакви трошоци за лекувањето е дезинформација. 

Клековски информираше дека ФЗОМ им дал насоки на матичните лекари за отстранување на ограничувања во пропишување на лекови и боледувања за засегнатите во пожарот во Кочани и за нивните семејства, со оглед на тоа што досега не биле предвидени вакви ситуации освен за заразни болести.

-Имаме полна соработка со матичните лекари кои доста помагаа во управување со севкупната ситуација, додаде Клековски

МИА

Можеби ќе ве интересира

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“

„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК

„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“

ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“