Имаат најмногу имигранти - дали тие се ветени земји?
Објавено во: Свет 04 Февруари, 2017
Глобално во моментов има најмногу имигранти и бегалци од Втората светска војна наваму. Голем дел од нив се внатрешни, а други бегаат во соседните држави, најмногу во Африка. Но, многумина се насочуваат кон Европа.
Франција - 7,8 милиони имигранти
Франција е меѓу главните дестинации за емигрантскиот поток уште од почетокот на XX век. Во моментов земјата прифаќа скоро 200.000 имигранти годишно, но во последно време ја затегнува миграциската политика.
Обединети Арапски Емирати - 8,1 милиони
Богата земја со нафта има најголем удел на странци во однос на општото население - 83,7% се имигранти, претежно од Азија. Голем дел од нив живеат и работат во лоши услови, во корист на богатите шеици.
Велика Британија - 8,5 милиони
Бројот на имигрантите во земјата постојано се зголемува со текот на годините. 12,4% од населението се странци. Економската криза влијае на имиграционата политика - конзервативните расположенија се зголемија.
Саудиска Арабија - 10,2 милиони
Една третина од населението на кралството се имигранти. Земјата презеде низа мерки да го ограничи миграциски тек, воведе строга политика за добивање на државјанство, наоѓање на работа и друго.
Русија - 11,6 милиони имигранти
Откако во средината на 90-тите години на XX век бројот на населението на Русија се намалува сериозно, Кремљ ја започна програма за привлекување на работници од поранешните советски републики. Доста Азијци оттогаш се населиле на руска територија.
Германија - 12 милиони имигранти
Поради нискиот наталитет и постарото население, Германија започна да привлекува имигранти уште пред неколку децении. Земјата ја сакаат поради високиот стандард на живот и либералната социјална политика.
САД - 46,8 милиони имигранти
Земјата на „големите можности" одамна привлекува имигранти од целиот свет. Кон САД одат речиси 20% од светскиот миграциски тек. Населението е мешавина од различни раси, култури и традиции.