14 Декември, 2025
0.0315

„ОВА НЕ Е ВЕЖБА“ Диспечерите на итната помош за несреќата во која се превртел трактор полн со матуранти (ФОТО)

Објавено во: Балкан 26 Мај, 2023 21:28

Добивај вести на Viber

Денеска при превртување на трактор кај Лабин, Хрватска повредени се 16 матуранти кои се возеле на приколка закачена на тракторот. Тие отидоа да го прослават последниот ден од часовите. Наставниот институт за итна медицина на округот Истар на својот Фејсбук објави за оваа сообраќајна несреќа и опиша како изгледала целата интервенција.

- Ова не е вежба, ме слушате, ова не е вежба! Со овие зборови денеска медицинскиот диспечер на нашиот Институт мораше да им се обрати на екипите на Итната медицинска помош при упатување на голема несреќа во Лабин. Двапати годишно правиме вежба за голема несреќа (многу често можеме да го слушнеме коментарот 'пак си играат'), па работниците прво мислеа дека е вежба, но за жал не беше така. Трактор со приколка излетал, се превртел и паднал во провалија, но за среќа не резултирал со фатален исход. Матурантите од Лабин, учесници во несреќата, денеска добија втора шанса за живот. По дојава на 194 испратени се пет екипи на Итната медицинска помош и четири екипи на службата за медицински транспорт (подоцна повикани се уште 2 екипи) како и специјално возило за големи незгоди - пишуваат од Институтот и додаваат.


- Им благодариме на колегите пожарникари, полицајци и персоналот на цивилната заштита за добрата соработка. Браво за добро решената интервенција до сите работници на Итната медицинска помош и службата за медицински транспорт, благодарност до сите колеги кои се одзваа на повикот на хуманоста и во слободното време, од дома, притрчаа да им помогнат на луѓето на кои им е потребна. Тоа е итна професија да се живее, а човечкиот живот нема цена. Затоа ниту една од многуте наши едукативни вежби не ни е тешка. Учењето, образованието и практиката се клучот за успехот. Само со заеднички сили можеме да ги надминеме сите неволји. Денешната интервенција се одвиваше како на пракса, тимски, добро и професионално.

Нема повреди опасни по живот, 11 девојчиња и три момчиња се примени во болницата во Пула, а уште две во КБЦ Риека. Тројца се тешко повредени, меѓу кои и едно лице со скршена рака и зглоб, пишува „Блиц.рс“.

Причината за несреќата се уште се утврдува, но се вели дека дошло поради откажување на сопирачките на удолницата.

Како што пренесуваат медиумите, тракторот го управувал малолетник. На терен веднаш пристигнале пожарникари, полиција и брза помош со пет возила.

Истрагата е се уште во тек додека влечната служба ги извлекува тракторот и приколката од клисурата.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството