14 Декември, 2025
0.0422

ОВА НЕ Е НОВ КОВИД, НЕМА МЕСТО ЗА ПАНИКА: Пациентот на Инфективната клиника е негативен на мајмунски сипаници

Објавено во: Македонија 11 Август, 2022 15:44

Добивај вести на Viber

Во врска со актуелната состојба во Македонија во однос на суспектните случаи на мајмунски сипаници, Комисијата за заразни болести одржа состаноци, по што претседателот, д-р Александар Петличковски соопшти дека јавноста во земјава не би требало да биде исплашена и како здравствени власти не очекуваат драматичен развој на настаните.

-Ова не е нов ковид, нема место за паника, односно не очекуваме сериозно ширење на оваа болест. Од свата случаи, оној вториот, односно пациентот кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, веќе е тестиран и резултатот е негативен, додека за првиот случај, оној од Кичево се уште немаме примерок и се организираме да го организираме тестирањето. Се надеваме дека до крајот на неделава ќе имаме резултат и од тоа тестирање, рече д-р Петличковски.

Тој посебно нагласи дека мајмунските сипаници е болест која не се пренесува така лесно, заради што не треба да се создава паника, но во однос на пациентот од Кичево кој воопшто досега не дал примерок за анализа, истакна дека е воспоставена комуникација неколку пати и со него и со неговото семејство со цел за да се направи тестирање кое е во интерес на сите.

-Ние немаме законска можност да го присилиме да се тестира, бидејчи никаде во светот не се постапува така. Ова не е болест за која следи задолжителна изолација, се надеваме дека ќе проработи совеста и очекуваме да се заврши тестирањето, рече д-р Петличковски.

Д-р Злате Мехмедовиќ истакна дека на вонредниот состанок на Комисијата за заразни болести предложиле лицето да биде ставено под здравствен надзор за да може да постапат институциите, министерстовото за здравство, инспекторатот, па дури и асистенција од полицијата и случајот да се заврши побрзо.

-Ова е едно практично решение за секој иден случај каде нема соработка со суспектниот. Очекуваме во текот на наредните денови, можеби во текот на утрешниот ден, согласно тоа постапување да имаме веќе разрешница на овој случај, рече д-р Мехмедовиќ.

А.Б.


Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина