„ОВА НЕ Е БУЛЕВАР, ОВА Е КЛАНИЦА“- КОЛА ПРЕВРТЕНА НА ПОКРИВ ПРЕД ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ СРЕДЕ СКОПЈЕ: Втора сообраќајка за само неколку дена
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2023 11:36
На недовршениот
булевар во населбата Аеродром во Скопје се случи уште една тешка сообраќајќа,
при што едно од двете возила кои учествувале во несреќета е буквално превртено
на покривот. Ова е посебно алармантно што двата автомобили се судриле точно
пред основното училиште „Љубен Лапе“, за што Фактор и претходно пишуваше укажувајќи
на фактот дека загрозена е безбедноста на децата токму поради недовршениот
булевар, како и ултра брзото и несовесно возење на возачите.
Еден од жителите на населбата Аеродром, кој објави и застрашувачки фотографии на неговиот профил на Фејсбук, апелираше булеварот да се избегнува.
-Ова не е булевер, ова не е ни улица, ова е КЛАНИЦА, напиша тој.
Во неговиот пост додава дека и ова е втора сообраќајќа за само неколку дена.
-Апел до сите возачи, пешаци и родители - избегнувајте ја Васко Карангелески додека не се исправат сите неправилности. Апел до властите - затворете ја улицата додека не настрада некое дете! Град Скопје oва не е булевер, ова не е ни улица, ова е КЛАНИЦА! Со што заслуживме ваков инженерски кикс на 20 метра пред училиште? Втора (евидентирана) сообраќајка во само неколку дена. Ве молам, СПОДЕЛУВАЈТЕ и давајте идеи како побрзо да го средиме овој хорор.
Инаку, Фактор пред само десеттина дена објави текст за недовршениот проект на Град Скопје, булеварот „Васко Карангелески“, во кој укажавме дека безбедноста на децата кои учат во основното училиште „Љубен Лапе“ е целосно загрозена.
-Нема семафори, нема сообраќајни знаци, нема „лежечки полицајци“, а улицата е ултра брза. Со овие зборови загрижени родители на деца кои учат во тоа основно училиште во Општината Аеродром се обратија до редакцијата на Фактор, укажувајќи на опасностите на кои се изложени учениците кои секојдневно минуваат оттаму за да влезат во училиштето.
Реагираат родителите, но реагира и општината Аеродром, која инситира Град Скопје што поското да го заврши булеварот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




