26 Април, 2024
0.0612

Ова лето Еуростандард банка својот простор го претвора во промотор на уметноста

Објавено во: Мои пари 23 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Како долгогодишен поддржувач на уметноста, но и на културата воопшто, ова лето Еуростандард банка се приклучува кон проектот „Летна авантура со Култура“ преку кој Банката ќе ја промовира литературата и младите автори во сите свои експозитури.

Проектот на издавачката куќа „Култура“ подразбира промоција на многу нови наслови и попусти на голем број бестселери од повеќе домашни и странски автори, стручна литература, учебници, литература за деца итн., додека пак Еуростандард банка ќе го стави својот простор на располагање со цел промоција на литературата и уметноста.

Имено, во текот на летото просториите на Еуростандард банка ќе бидат претворени во литературно и творечко катче во кое многу млади автори ќе имаат можност да ги претстават своите дела, а пак за своите клиенти, како дел од проектот Банката најавува и голем број изненадувања, подароци, разни интересни активности за љубителите на книгата, како и содржини за најмалите.

„Во ова неизвесно време во кое живееме, книжевноста е уметност која создава нови, поинакви светови, правејќи го и нашиот свет подобро место за живеење. Токму затоа, во соработка со Култура одлучивме ова лето и нашите клиенти да ги однесеме во еден нов свет на нови наслови, бестселери, дела на бројни современи домашни и странски автори и голем број изненадувања, со што веруваме дека и нивното секојдневие ќе успееме да им го направиме поубаво и поразлично барем за момент. Ги покануваме сите заинтересирани да повелат во некоја од нашите експозитури, со цел заедно да делуваме во насока на промоција на уметноста и поддршка на младите автори“, велат од Еуростандард банка.

Инаку и досега Еуростандард банка се приклучувала на повеќе иницијативи и кампањи на издавачката куќа „Култура“ со цел поддршка на литературата, а е долгогодишен и искрен промотор и на културата воопшто, поддржувајќи бројни културни манифестации меѓу кои и „Охридско лето“ и „Скопскиот џез фестивал.“

За повеќе информации околу проектот „Летна авантура со Култура“ и најава на активностите, следете ја Фејсбук страницата на Еуростандард банка.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“