18 Декември, 2025
0.0975

Ова ќе ги „удри по џеб“: Се зголеми цената на гасот во Бугарија

Објавено во: Економија 30 Октомври, 2025 17:59

Добивај вести на Viber

Цената на природниот гас скокна во Бугарија. 

КЕВР одобри зголемување на цената од речиси 8 отсто. Регулаторната комисија за енергетика и вода ја одобри цената на природниот гас за ноември на 65,82 лева/MWh или 33,65 евра/MWh, без цените за пристап, пренос, акциза и ДДВ. По оваа цена, „Булгаргаз ЕАД“ ќе продава природен гас на крајни добавувачи и на лица на кои им е издадена лиценца за производство и пренос на топлинска енергија. Одобрената цена е за 4,81 лева или речиси 8 oтсто повисока од онаа за октомври.

Регулаторот ја одобри цената по анализа на моменталните податоци доставени од Булгаргаз ЕАД. Ценовниот микс ја вклучува целата договорена количина на азербејџански природен гас испорачан преку интерконекторот Бугарија-Грција (IGB), во согласност со долгорочниот договор со Азербејџан, пренесува Вести.бг.

foto frepik.com

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје