14 Декември, 2025
0.0948

Ова е состојка која повеќето ја консумираат, но не знаат дека е „тивок убиец“

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2023 07:27

Добивај вести на Viber

Многу продукти кои ги консумираме содржат палмино масло. Во брзата храна, во многу грицки има палмино масло, кое може да предизвика негативни ефекти по нашето здравје.

На оваа состојка посебно треба да внимаваат луѓето кои веќе имаат здравствени проблеми.

Палминото масло влегува во состав на многу прехранбени производи, но и козметика, а за да се најде во нивниот состав, ова масло поминало низ процес на хидрогенизација за да го продолжи рокот на траење. Проблемот со хидрогенизираното растително масло е што сите придобивки се уништуваат со овој процес, а маслото може дури и да стане штетно. Хидрогенизацијата на маслото може да доведе до создавање на транс масти, кои доведуваат до повеќекратно зголемување на концентрацијата на „лошиот“ холестерол во крвта. Такви транс масти се наоѓаат во многу преработени производи кои содржат хидрогенизирано палмино масло. Консумирањето на неквалитетно палмино масло или масло кое е повторно загреано неколкупати може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања,  предизвикува запушување на артериите и можност за појава на згрутчување. Посебна претпазливост при употреба на палмино масло и производи кои го имаат палминото масло во состав е потребна за лица со висок холестерол во крвта, бидејќи употребата на палмино масло го зголемува нивото на лошиот холестерол во крвта“, вели дипломираниот нутриционист Ирина Лазарова.

Палминото масло доста често се користи од ланците за брза храна. Всушност се користи за пржење, поради својата стабилност на високи температури и ниската цена. Палминото масло се користи и по повеќе циклуси на пржење. Ова масло може да го има во чипсови, лиснати теста, пуканки, чоколади, инстант сосови, сладоледи, нудли, маргарин и слично. Дури 85  отсто од палминото масло во светот доаѓа од Индонезија и од Малезија. 

Сања Атанасовска

foto Wikipedia

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина