08 Декември, 2024
0.0355

ОВА Е СЀ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОФИТИ, КОЈ И ЗОШТО ДОЈДЕ НА ВРВОТ - Фактор анализа за најдобитните 20 котирани друштва

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Котираните акционерски друштва на Македонската берза ги објавија своите деветмесечни биланси на успех, од кои се гледа како тие работеле од почетокот на годината па досега, но кога Берзата ќе ги објави резултатите на едно место, добиваме секогаш појасно слика како изгледа најмоќниот дел од македонската економија. Се разбира, ќе повториме, тоа важи само за фирмите кои работат на принципот на акционерски друштва кои котираат на Македонската берза, што, пак, ги обврзува да работатт потранспарентно од другите и да ги објавуваат постојано своите бројки, без разлика дали се тие секогаш добри или помалку добри, но затоа, пак, имаат бројни предности од аспект на инвеститорите и можноста многу полесно да се прибира капитал за своето работење.

Како што веќе многу пати пишувавме, рекордер по профит за првите три квартали од годинава е Комерцијална банка, која кога го објави својот биланс ги изненади сите берзански и економски играчи, па дури на шега би рекле и самата себе, со фантастичниот профит од 72 милиони евра за првите три квартали. Нејзиниот профит е зголемен за дури 45,11 отсто во однос на истиот период од минатата година, што е раст за близу половина од вредноста, а што е и повеќе од одлично за секогаш добро профитабилните банки.

Другите две од големата банкарска тројка се исто така фасцинантни во своите профити, но за овој изминат период толку звучно можеби не се пишуваше за нив, бидејќи славбата им ја зеде на некој начин претходно споменатата банка. На втората позиција во банкарскиот дел, а и воопшто во котираните компании, е Стопанска банка Скопје, со 45,4 милиони евра профит за девет месеци, а што е раст за 12,54 отсто, додека, пак, на третата позиција многу блиску зад неа е НЛБ Банка, со профит од 44,2 милиони евра и со раст од 11,55 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Само треба да напоменеме и дека во делот на котираните банки со одличен резултат може да се пофали УНИБанка, чии профит е 5,47 милиони евра, со раст од 0,5 проценти, а која е инаку десетта по профит во рамките на сите 89 реално котирани акционерски друштва.

Сите седум котирани банки, пак заедно, односно претходно споменативе заедно со ТТК банка, Стопанска Битола и ЦКБ банка, имаат вкупен профит од 169,4 милиони евра, што е раст за 25,6 отсто во однос на истиот период од минатата година.

На четврто место од компаниите е онаа од делот на услугите, „Македонски телеком“, со вкупен профит за девет месеци од 26,61 милиони евра, што е речиси на иста позиција според профитабилнсота како и ланскиот исти период.

Македонската индустрија го носи петтото место по профитабилност, односно скопската Цементарница УСЈЕ, со одлична нето добивка од 25 милиони евра, а дополнително позитивно е што кај оваа компанија има раст на профитабилноста за дури 40 проценти во однос на истиот период лани.

Вкупно 35 компании од индустријата имаат профит од 45 милиони евра за девет месеци, прикажувајќи одлично групно зголемување за 53 отсто во однос на истиот период лани.

Одличното шесто место е резервирано за фармацевтскиот гигант „Алкалоид“, со чист профит од 22,5 милиони евра, и со одличен раст од близу 7 отсто во однос на истиот период лани.

Нафтениот гигант „Макпетрол“, од делот трговија со нафта, е на седма позиција, со профит од 13,1 милиони евра, а што е пораст за одлични 18 отсто во однос на истиот период лани.

Мермерен комбинат Прилеп, како припадник на индустријата, има профит од 11,6 милиони евра, со раст од близу 24 отсто, и е на осма позиција во рангирањето според профитабилност.

А, дека и од трговија може многу добро да се живее покажа „Скопски пазар“, компанија која за првите девет месеци од годинава оствари профит од 5,72 милиони евра. Ова АД, кое според профит го освои деветтото место, има дополнителни причини за славење и поради фактот што кај него има огромен раст на добивката, за дури 347 проценти во однос на истиот период од претходната година. Оваа компанија практично го врати стариот сјај и успеа да се вброи во врвот на профитабилните македонски бизнис репрезенти.

На десетто место, како што и погоре напишавме, е уште една банка, односно УНИ Банка, со профит од 5,47 милиони евра.

Сега да одиме со ред во втората десетка. На 11 место е „Макстил“ со профит од 3,48 милиони евра, кој е од делот на индустријата, одлично покажува од ударот што лани им го нанесе солидарниот данок, а забележа раст на добивката од 25 проценти.

На 12 позиција дојде Винарската визба Тиквеш, со профит од 3,35 милиони евра, и пораст од над 13 проценти. Компамијата крал на македонските вина, а позната и во регионот и светотѕ, нема зошто да не бележи одлични профити.

Следуваат на 13 место ОИЛКО со профит од 3,16 милиони евра, како и една земјоделска компанија, Оранжерии Хамзали, со профит од 2,97 милиони евра, која го зазеде 14 место.

На 15 позиција се најде Прилепска пиварница, со профит од 2,75 милиони евра, а на 16 место е Македонија турист, со добивка од 2,6 милиони евра.

Потоа, на 17 место е градежниот гигант Гранит, со профит од 2,29 милиони евра, па на 18 е Пекабеско со 2,28 милиони евра,  на 19 е Реплек со 2,2 милиони евра, на 20 е Окта со 2,13 милиони евра и 21 е Фершпед со 1,64 милиони евра.
Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Функционерите во Црна Гора си ги зголемуваат платите за 30 отсто

Функционерите во Црна Гора си ги зголемуваат платите за 30 отсто

Купувањето пелети за греење се враќа во Македонија

Купувањето пелети за греење се враќа во Македонија

Еве како може да знаете дали 600-те производи од „новогодишната кошничка“ ќе бидат навистина намалени

Еве како може да знаете дали 600-те производи од „новогодишната кошничка“ ќе бидат навистина намалени

ВМРО-ДПМНЕ: Во раскинатиот договор со „Марковски компани“ подизведувач била фирма на Заеви

ВМРО-ДПМНЕ: Во раскинатиот договор со „Марковски компани“ подизведувач била фирма на Заеви

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата е упорна, платите многу се зголемија

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата е упорна, платите многу се зголемија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

МИЦКОСКИ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Некои корисници примале до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата

МИЦКОСКИ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Некои корисници примале до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат