13 Октомври, 2024
0.0276

ОВА Е МОМЧЕТО ЗА КОЕ МАЈКАТА ОБВИНИ ДЕКА БИЛО ВРЗУВАНО ВО „ДЕМИР ХИСАР“: „Го пуштија од болница затоа што доаѓала ЕУ мисија- не сакале да го видат врзан и како зомби“

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Социјалните мрежи наголемо споделуваат информации за момчето со аутистичен спектар, за кое мајката обвини дека било врзувано во болницата во Демир Хисар.

Момчето на сликава се вика Анес Абдуловски. 17 годишно од Битола, Со дијагностициран аутизам. Момче кое посетувало до скоро училиште, напредувало. Разбира се и зборува. Посетувало дневен центар и напредувало. До оној момент кога влегува во пубертет. Како и најголем дел од лицата со аутизам, пубертетот е најтежок во растењето и грижата за овие деца. Почнува да покажува нервоза, пркос и агресија. Но тоа се случува и кај типичните деца кога хормоните ке им проработат. Тоа е разбирливо, но поминува. Родителите побарале медицинска помош и детето е сместено во психијатриската болница Демир Хисар. Таму останува 5 недели. Во тој период родителите го посетиле повеке пати, но не им било дозволено внатре на лице место( во соба), туку со придрижба носено на по неколку минути во двор. Пред малку зборував со мајката. Всушност, детето во соба цело време престојувало врзано под силни антипсихотици. Тој момент родителите не го виделе. Се додека не им се јавиле по телефон да им кажат да си го земат детето дома на неколку дена, па после да го вратат. За ова никој не пишува. Причината за тоа јавување била дека болницата добила најава за посета од делегација од ЕУ, која патем има милионски суми дадено за оваа болница и за нејзините пациенти. Па сега не сакале од болницата, делегацијата да го гледа таков врзан за кревет и како зомби.

Родителите го земаат и настанува шок, кога ги виделе огромните рани од врзувањето. Рани направени длабоко во месото, од обидите на детево да се ослободи. Бесни и гневни се, не им паѓа на памет повторно да го вратат таму.

Мили луѓенца. Толку треба да знаете за нашето здравство. Во 21 век, дете врзано. Не е само онкологија скандал. Луѓето се плашат да зборуваат отворено. Ова е срам за сите нас. Толку треба да знаете. Кој знае уште колку како Анес има. Нашите невропсихијатри, баратаат само со теорија, ама пракса никаква. Антипсихотици препишуваат на деца кои немаат шизофренија. И си ги препишуваат како бомбони ( секоја чест на исклучоци кои на три прсти се бројат). Врзувањето е техника која датира од пред средниот век. Ама ние таму сме заглавени. Најтрагично е тоа што ако нешто не знаеш, барем следи искуства од поразвиените држави. Ама егото е страшна работа.

За сите вас кои ова ке го читате, размислете. Можеби немате деца со аутизам или друго, ама можеби еден ден вашите деца ке имаат, и срце ке ве боли кога ке ги гледате какви маки поминуваат со вашите внучиња.

Патот кој го изоделе до сега родителите на Анес е голгота. Скромни луѓе од дебарско, дојдени во Битола за подобар живот. Ама плановите се само дел од животот. Живеат долги години под кирија, а сега таткото приморан отказ да даде за да се грижи за синот.

Толку треба да знаете за случувањата во нашава ни државичка заглавена во средновековието. Ниту институционална помош, ниту поддршка, а најмалку стручни лица. А вие, пак седете си дома и не доаѓајте на протести. Јас сум потресена и згрозена. Господ да им е на помош, бидејки друга помош во Македонија нема да добијат.

П.С. Многу скоро еден вевчанец пишуваше јавно за овие деца дека биле непотребен трошок, дека семката на нивните родители била скапана, дека овие деца траба за служат за трансплатација на органи. Ако се молчи, многу скоро ке испадне дека бил во право. Во 21 век, срамови“, се вели во постот кој е објавен во согласност со мајката од страна на блиски личности на семејството.


Фотографијата е објавена со одобрение на мајката на момчето.

Можеби ќе ве интересира

„КОНТИ“: Желбата за брза заработка навлече илјадници кавадарчани

„КОНТИ“: Желбата за брза заработка навлече илјадници кавадарчани

БЕКТЕШИ: Јас мислам дека потезите на Мицкоски и коалицијата Вреди водат кон дестабилизација

БЕКТЕШИ: Јас мислам дека потезите на Мицкоски и коалицијата Вреди водат кон дестабилизација

СРБИТЕ ИЗЛЕГОА СО ДЕТАЛИ: Земјотресот кај Врање го почувствувале жителите на Куманово

СРБИТЕ ИЗЛЕГОА СО ДЕТАЛИ: Земјотресот кај Врање го почувствувале жителите на Куманово

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Oд понеделник есенско лето со свежи утра

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Oд понеделник есенско лето со свежи утра

МИСАЈЛОВСКИ ЗА МИРОВНИЦИТЕ ВО ЛИБАН: Во случај на загрозување на нивните животи ќе реагираме

МИСАЈЛОВСКИ ЗА МИРОВНИЦИТЕ ВО ЛИБАН: Во случај на загрозување на нивните животи ќе реагираме

ЗЕМЈОТРЕС ВО СРБИЈА: Го почувствуваа жителите на Македонија и на Бугарија

ЗЕМЈОТРЕС ВО СРБИЈА: Го почувствуваа жителите на Македонија и на Бугарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата и СОНК се договорија, октомвриската плата повисока за 5 отсто

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата и СОНК се договорија, октомвриската плата повисока за 5 отсто

МИЦКОСКИ: Во Албанија има повеќе Бугари отколку во Македонија

МИЦКОСКИ: Во Албанија има повеќе Бугари отколку во Македонија

НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ОХРИД: Почина Алекс Салмонд, поранешен премиер на Шкотска

НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ОХРИД: Почина Алекс Салмонд, поранешен премиер на Шкотска