28 Април, 2024
0.0271

Отворен почесниот конзулат на Кралството Мароко во Република Македонија

Објавено во: Мои пари 04 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Во присуство на дипломатскиот кор и државниот врв свечено е отворен почесниот конзулат на Кралството Мароко во Република Македонија. Република Македонија и Кралството Мароко првпат воспоставија дипломатски односи на 18ти септември 2002 година. Функцијата на почесен конзул ја извршува Илија Малинковски, назначен на оваа позиција во септември 2016 година, кој е истакнат член на заедницата којшто со својата работа придонесува за културно и економско зближување на двете земји. Свеченото отворање на конзулатот е продолжување на пријателските односи меѓу двете земји кои се карактеризираат со взаемна почит и разбирање кон стратешките цели и националните приоритети.

Двете земји во досегашната комуникација развија нагорна динамика на средби и посети на високо дипломатско и политичко ниво, а паралелно се градеа и пријателските релации.

„Kако дополнување на одличните односи меѓу Македонија и Мароко и динамичната соработка со Амбасадата на Мароко во Софија, јас сум сигурна дека активностите на Почесниот конзулат ќе отворат нови можности за зајакнување на соработката во многу области од заеднички интерес за нашите земји, особено во областите на економијата, трговијата и инвестициите, како и дека Почесниот конзулат ќе биде мост за засилена културна соработка. И двете наши земји имаат голем потенцијал во овој поглед и не се сомневам дека Почесниот конзул ќе може да даде дополнителен импулс и успешно да придонесе за натамошно збогатување на нашите односи и соработка“, изјави Н.Е. г-ѓа Арта Точи, Заменик министер за надворешни работи на Република Македонија.


На чинот на свеченото отворање свое обраќање имаше и Амбасадорката на Кралството Мароко, Нејзината Екселенција г-ѓа Закиа Ел Мидаоуи, која изјави: „Почесниот конзулат, кој е претставување на Кралството Мароко во Република Македонија, ќе послужи како катализатор за трговија и инвестиции меѓу нашите две пријателски земји. Неговата главна улога ќе биде, меѓу другото, промовирање на мароканската култура, нејзината економија и интензивирање на билатералната соработка. Оваа официјална инаугурација на Почесниот конзулат на Кралството Мароко во Република Македонија го одразува фактот дека двете земји придаваат фундаментална вредност за зајакнување на нивните билатерални односи во многу области и сектори од заеднички интерес.“


Почесниот конзулат значително придонесува за продлабочување на соработката, како и за интензивирање на економските, трговските и културните размени меѓу Република Македонија и Кралството Мароко. Сето тоа ќе помогне и ќе го стимулира просперитетот и развојот на двете земји на повеќе нивоа.

„Оваа важна функција за мене е голема чест. Културното зближување и економската соработка на двете земји е нашата мисија“, изјави, г-дин Илија Малинковски, Почесен конзул на Кралството Мароко во Република Македонија.

Свеченото отворање помина во духот на запознавање со културните наследства на двете земји низ богатата и традиционална гастрономија и етничките обележја, кои взаемно придонесуваат за и понатамошното развивање на пријателството и меѓусебното разбирање.


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг