Отворен ден во НОВА за сите заинтересирани идни ученици и нивните семејства

Објавено во: Мои пари 28 Март, 2023
Сите аспекти поврзани со образованието на еден ученик во Меѓународното училиште НОВА ќе бидат претставени на отворен настан за пошироката јавност што ќе се одржи на 4 април (вторник). Настанот „Пролетен отворен ден“ е наменет за сите семејства кои се заинтересирани да дознаат повеќе за програмата на училиштето, едукативната филозофија, училишниот кампус, како и за сите домашни и меѓународни акредитации и партнерства.
Настанот се состои од две сесии. Едната е утринска сесија која започнува во 8:30 часот и е наменета за ученици во предучилишниот центар и основнотото училиште (од тригодишна возраст до петто одделение), а втората е попладневна сесија закажана во 17:15 часот, наменета за ученици во предметна настава (од шесто одделение до четврта година гимназија).
Покрај основните информации за нашата академска програма, училишните дополнителни активности и поддршката во учењето, посетителите на настанот ќе можат да видат и како изгледа еден училишен ден во НОВА. Во текот на посетата, тие ќе имаат можност да разговараат со одговорните лица од нашата уписна канцеларија и да постават конкретни прашања, како и да се сретнат со нашите советници за академска и социо-емоционална поддршка.
НОВА е препознатлива и по активностите и иницијативите што ги организира Здружението на родители и наставници, чии претставници ќе бидат присутни на отворениот ден за да одговорат на поставените прашања. За децата-гости се планирани интерактивни едукативни игри и прошетка низ кампусот предводена од ученици на НОВА.
Ни претставува особена чест и задоволство да го отвориме кампусот на НОВА кон пошироката јавност и да демонстрираме што е тоа што го прави нашето училиште посебно.
Заинтересираните посетители може да го пријават своето присуство на следниот формулар.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
„КАМ“ останува најпосакуван работодавач – го зголемува регресот за годишен одмор на 37.600 денари за сите вработени

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денескa изнесува 85,56 евра за мегават час, на МЕМО 79 евра за мегават час

Халки штедна книшка како подарок за крајот на успешната учебна година

Сојузот на здруженија на дијабетичари препорачува: Баланс+ јогурт за одржување на дигестивното здравје на лицата со дијабетес

Промоција на „Варшавската срна“ од Мимоза Ристова во Музејот на Град Скопје

ВИДЕОЛОТАРИЈА ГО ДОБИ СЕРТФИКАТОТ ОД ЕВРОПСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА ЛОТАРИИ ЗА ОДГОВОРНО ПРИРЕДУВАЊЕ НА ИГРИ НА СРЕЌА

Меѓународните банкарски групи одржуваат силна позиција на Западен Балкан и покрај геополитичките предизвици, но заострувањето на условите за снабдување зема данок

Околу 2700 неформални собирачи на отпад треба да се групираат во групи и да даваат услуги на ЈКП или општините
