ОТВОРААТ РЕСТОРАНИ, БАРОВИ, САЛОНИ ЗА УБАВИНА: Во Србија дојдоа 370.000 Руси
Објавено во: Балкан 06 Февруари, 2024
370.000 Руси дојдоа во Србија и го сменија пазарот на труд.
Агенцијата за деловни регистри во Србија објави дека руските државјани регистрирале околу 9.000 нови фирми во Србија до крајот на 2023 година. Во 2022 година имало 6.000 нови регистрации, а нивниот број во 2021 година бил помалку од 2.000.
Во првите месеци по инвазијата, руските доселеници имаа тенденција да отвораат ресторани, барови и салони за убавина, пишува Кликс.ба, пренесува Пословни хр.
Некои од нив биле компании во сенка основани од мигранти со цел да добијат дозвола за привремен престој во Србија, според истражувањето на Центарот за европски политики (ЦЕП).
Но, до крајот на 2023 година, Русите почесто отвораа детски градинки, онлајн продавници, производствени погони, компании за недвижнини и заеднички работни места во Белград и Нови Сад. Русите избегаа за да не бидат мобилизирани за војната во Украина. На 24 месецов, ќе се навршат две години од почетокот на руската инвазија во Украина.
Фото: Профимедиа* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.