20 Декември, 2025
0.0484

Отстапувања од 92 милиони евра за електрична енергија во Македонија, У Повер „лидер“ на слободниот пазар

Објавено во: Економија 04 Мај, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

У Повер направил убедливо најголем дебаланс при отстапување од најавените (номинираните) и реализираните количества на електрична енергија како снабдувач на слободниот пазар на електрична енергија во 2001. Снабдувачот е познат по тоа што еден од сопствениците е Аријант Џафери, син на поранешниот вицепремиер Муса Џафери.

У Повер направил во 2021 дебаланс од 50.766 мегаватчасови со слична бројка на отстапувања во исклучителни ситуации, според објавениот годишен извештај на Регулаторната комисија за енергетика. Ваквите отстапувања беа одбележје на минатоесенскиот период и се должеа на тоа што снабдувачите на електрична енергија кои не купија навреме струја, количините кои им недостигале за своите клиенти ги надополнуваа од резервите на МЕПСО наменети за балансирање на електроенергетскиот систем.

Просечната цена, според годишните пресметки, е 168 евра по мегаватчас за негативно отстапување, три пати повеќе од 2020 година, па може теоретски да се претпостави колкав „луксуз“ си дозволил У Повер. 

И други трговци значителен дел од електричната енергија за своите клиенти ја обезбедиле од системските резерви, односно ја обезбедиле како балансна енергија. Тука е косовскиот Футуре со 30.131 мегаватчасови, Мист Енерџи со 6.982 мегаватчасови, словенечката Енергиа гас енд Пауер следува со 10.209, Елнор со 1.285 итн. За останатите може да се каже дека подобро ги компензирале негативните со позитивни отстапувања во системот. 

Сепак алармот беше вклучен од операторите МЕПСО и МЕМО, а регулаторот започна соодветни постапки кон трговците.

Од 24 енергетски компании, вкупната финансиска импликација од негативните отстапувања, најевидентно поради енергетската криза, изнесува 5.705.514.892 денари, или околу 92,8 милиони евра. Позитивното балансирање е околу 29,7 милиони евра), што значи платениот цех од штетатат е повеќе од 60 милиони евра.

„Во 2021 година поради намаленото производство на електрична енергија и зголемените цени на електрична енергија на референтната берза, МЕПСО не можеше да ги одржи отстапувањата на електроенергетскиот систем во претходно утврдени граници, со што системот во одредени периоди беше во значителен дебаланс“, се вели во извештајот на РКЕ.

Во делот на системските услуги АД МЕПСО Скопје, поради зголемување на цените за балансирање, а не поради зголемените количини на обезбедена енергија. направил трошок за активирана електрична енергија од 19,9 милиони евра поради АД ЕСМ, што е безмалку 12 милиони евра повеќе од една година претходно.

Отстапувањата на ЕСМ биле околу 82.000 мегавати, а на МЕПСО околу 17.000.

Дебалансите во втората половина од 2021, кога настапи енергетската криза, биле четири пати поголеми од првата половина на ланската година.

„Ваквата појава е резултат на значително зголемување на цените на електрична енергија на регионалните берзи на електрична енергија, раскинување на договорите на добавувачите од регионот и друго“, гласи објаснувањето на РКЕ.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба