27 Јули, 2024
0.0314

ОТКРИЕНО КОЛКУ ПАРИ ДРЖАВАТА ЌЕ ИМ ДАДЕ НА АВИОПРЕВОЗНИЦИТЕ, се бараат поголеми авиони и аеродроми

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Владата со пет милиони евра во следните три години ќе субвенционира авиолетови. Согласно последната програма за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Македонија на домашни и странски превозници за периодот 2023 до 2025 година, за оваа намена се издвојуваат 312.420.000 денари или пет милиони евра.

Средствата ќе користат во период од 1 јануари 2023 година, до крајот на 2025 односно до 31 декември 2025 година.

- Финансиската поддршка ќе се доделува согласно намените во Законот за воздухопловство. Средствата ќе се обезбедат од Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, Министерство за транспорт и врски, потпрограма 20 Сообраќај и комуникации, во износ од 104.140.000 денари. Планираните средства од програмата за 2024 година во истиот износ од 104.140.000 денари ќе се обезбедат од Буџетот на Македонија за 2024 година – се наведува во програмата  до која дојде Фактор.

Исто така е посочено дека проектираните средства за 2025 година во истиот износ ќе се обезбедат повторно од Буџетот за 2025 година. За спроведувањето на програмта ќе се грижи Министерството за транспорт и врски.  

За потсетување за следните три години Владата планира да потроши слична сума за субвенции на авиопревозниците, како и за претходните три години. Имено со последната одлука за субвенционирање, која заврши во март годинава, и која се однесуваше за периодот од 1 март 2019 година до 1 март 2022 година беа планирани 312.420.000 денари.

Владата претходно објави дека е донесена уредбата за начинот и критериумите за доделување финасиска поддршка на домашни и странски авиопревозници, а министерот за транспорт и врски посочи дека е дефиниран нов модел за распределба на финансиската помош, и потенцираше дека за субвенции ќе можат да аплицираат сите оператори.

- Ќе може да се вклучат што е можно повеќе оператори, да не се врзуваме за еден. Исто така го ограничуваме интензитетот на субвенционирање како што налага и бара Европската комисија, се со цел да овозможиме што повеќе дестинации за граѓаните и да го развиеме авиосообраќајот. Предност ќе имаат авиокомпаниите што ќе понудат поголеми воздухоплови, директни линии до поголеми аеродроми и повеќе летови неделно. Во договорот ќе стои дека операторот ќе треба да ги опслужува линиите и по истекот на договорниот рок за период колку што добивал државна поддршка – објаснуваше Бочварски.

Надлежните веќе објавија дека во 2019 година за субвенционирани летови се исплатени 66.584.935 денари, во 2020 година 21.098.924 денари, во 2021 година 10.475.649 денари, додека за годинава не се исплатени средства.Со зимскиот распоред на летови што стапи во сила на 30 октомври од скопскиот аеродром има вкупно 41 дестинација, до каде ќе летаат 13 авиокомпании, а на охридскиот аеродром седум редовни дестинации со четири авиокомпании. На двата аеродрома во државава од јануари до крајот на септември годинава се превезени над 1,8 милиони патници (1 811 168) и се реализирани 14.823 летови.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?

ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година

ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми

ПРОФЕСОР ТРАЈКОВСКИ: Македонска компанија се подготвува да дебитира во областа на „зелениот“ водород

ПРОФЕСОР ТРАЈКОВСКИ: Македонска компанија се подготвува да дебитира во областа на „зелениот“ водород

МИЦКОСКИ ЛИЧНО ГО БИРА РАКОВОДСТВОТО НА ЕСМ И РЕК БИТОЛА: Лично сум фокусиран во изборот на кадри

МИЦКОСКИ ЛИЧНО ГО БИРА РАКОВОДСТВОТО НА ЕСМ И РЕК БИТОЛА: Лично сум фокусиран во изборот на кадри