ОТКРИЕНО Е ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО МАНГАН: Беровчани од утре ќе пијат вода од цистерни
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2024 16:55
Беровчани од утре ќе пијат вода од цистерни, затоа што во водата од чешмите има големо количество манган. Од вчера водата во Берово е дозволена да се користи само за техничка употреба.
Од утре до сите граѓани во Берово ќе биде доставена вода со цистерни која ќе се полни од соседно Делчево, информираа од комуналното претпријатие во Берово.
Ќе бидат испратени примероци од вода до неколку лаборатории во државата и во зависност од добиените резултати, граѓаните дополнително ќе бидат известени за состојбата со користење на водата за пиење.
Дозволеното нормално присуството на манган во водата за пиење треба да изнесува 0,5, а во добиените резултати за водата во Берово е зголемена на 0,11, што е нешто што првпат е констатирано по анализите на водата од водоводниот систем во Берово.
Претходно во Струмица и Гостивар имаше проблеми со квалитетот на водата за пиење.foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?
ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила
ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст
Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел
Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија
БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините
Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон




