13 Мај, 2024
0.0178

Откриена причината за кризата во Реал

Објавено во: Спорт 05 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Клод Макелеле смета дека слабите резултати на тимот се должат на отсуството на повредениот Каземиро.

Како што е познато, европскиот клупски шампион е во серија од четири последователни реми, а последното беше прилично изненадувачки - 1:1 со Еибар на „Сантијаго Бернабеу“.

Според Макелеле, Каземиро, кој е повреден, е од суштинско значење во шемата на Зинедин Зидан. 

- Реал мора да биде трпелив. Очигледно е дека игра тешко без Каземиро. Благодарение на него, тимот е избалансиран, а овој играч е многу важен за врската помеѓу одбраната и нападот.

- Четирите последователни реми во никој случај не се катастрофални. Сепак не зборуваме за пораз. Реал треба да продолжи да работи напорно и сум сигурен дека ќе освои трофеи, рече Макелеле.